Со ова оружје снајперистите на рускиот ССО ликвидираа илјадници терористи во Сирија

Во рамките на рускиот контингент во Сирија се наоѓаат и фамозните сили од составот на ССО (Единици за специјални операции). Оваа структура на руската армија е директно потчинета на Генералштабот. Овие единици во последниве неколку години до апсолутен максимум ги усовршија своите тактички знаења, благодарение на искуствата што ги добија низ деноноќните борбени мисии. За време на своите акции имаат ликвидирано илјадници цели.

Снајперистите, според сè, се припадници на руските единици за специјални операции (Силы специальных операций Российской Федерации) или скратено ССО ВС РФ.

Во рамките на овие единици дејствуваат и снајперските тимови. Тие се специјализирани за неутрализирање цели на стандардни или на големи дистанци. За реализација на своите борбени задачи користат најсовремени снајперски пушки што ги произведува руската воена индустрија. Некои од овие пушки можат да погодат цел со големина на човек на оддалеченост поголема од 2.000 метри. Нивната улога особено беше нагласена за време на борбите во урбаните средини каде ја прикажаа својата ефикасност.

Steyr-Mannlicher SSG 08 е австриска снајперска пушка со репетирачко обртно-затнувачки затворач. Станува збор за мошне квалитетно оружје кое е развиено врз база на снајперската пушка SSG 04. Пушката SSG 08 користи куршум со калибар .338 .338 Lapua Magnum (7,62×51 милиметри НАТО или .300 Winchester Magnum). Мошне е прецизна на дистанца од 1.500+ метри. Нејзината вкупна должина варира од 960 до 1.182 милиметри во зависност од должината на цевката и нагодувањето на кундакот. Должината на цевката на пушката се движи во распон од 510 до 690 милиметри. Тежината без муниција и без оптички нишан изнесува околу 5.5 килограми.

Благодарение на монтажата на „Picatinny“ шината, на неа може да се додадат различни оптички нишани и други тактички додатоци. Оружјето нема механички нишани. Пушката има бипод што ѝ дава стабилност за време на дејствувањето. Се полни со рамка со капацитет од 6 до 10 куршуми во зависност од применетиот калибар.

Руската тешка снајперска пушка КСВК-„Корд“ направена е врз база на пушката СВН-98. Во нејзината конструкција учествуваа инженери од Заводот Дегтјарев од Коврово. Пушката е направена по шемата Булап, каде рамката со муницијата се наоѓаат зад обрачот. Самата рамка има капацитет од пет куршуми. Нејзината вкупна тежина (без оптичкиот нишан и рамката со муниција) изнесува 12.5 килограми. Пушката е долга 1.420 милиметри, од кои на цевката отпаѓаат 1.000 милиметри. Ова му овозможува на зрното на устата од цевката да развие брзина од 900 метри ви секунда. Борбената брзина на огнот не надминува десет куршуми. Благодарение на силниот калибар (12.7х108 милиметри) пушката е конструирана за борба против заштитените цели на непријателот на далечини до 1.000 метри, како и неговата жива сила каде пушката е ефикасна и на оддалеченост и до 1.500 метри.

Во последно време овие тимови користат пушки што ги произведува руската компанија „Лобаев Армс“. Голем број стручњаци сметаат дека оваа компанија произведува оружје што е најдобро на светот. Нивна карактеристика е исклучителната прецизност, што овозможува да се остварат ефикасни погодоци на екстремни дистанци. Снајперистите на ССО во последно време се видени со пушките од типот ДВЛ-10 М1 „Диверзант“, но и со далкустрелните пушки DXL-3 „Возмездие“.

DXL-3 „Возмездие“ е високопрецизна снајперска пушка со голем дострел. Масивната цевка на пушката овозможува висока прецизност на оружјето. Прилагодливиот кундак на оружјето е направен од специјална легура на алуминиум која се користи во воздухопловната индустрија. Брзината на куршумот на устата на цевката изнесува 900 метри во секунда. Вкупната должина на пушката е 1.345 милиметри, а нејзината тежина изнесува 7.95 килограми. Должината на цевката на пушката изнесува 720-820 милиметри.

Специфичност на оваа пушка е нејзината далкустрелност. Имено таа може да погоди цел на растојание од дури 4.000 метри. Меѓутоа, како што забележува Владислав Лобаев, ваков резултат не може да постигне секој професионален снајперист.

„Тоа е работа за која е потребна систематска подготовка која трае со месеци и со години“, вели тој. „Тоа е специјално конструирано оружје, специјален одбранбен оптички нишан со кој може да се пука под исклучително голем агол, и специјален вид муниција која се разликува од стандардниот/обичниот куршум338LM. Оваа муниција му овозможува на зрното, кое инаку е потешко одошто кај обичниот куршум, поголема вредност на почетната брзина на устата на цевката“; вели Лобаев.

„Лобаев Армс“ пред две години на јавноста му претстави и други новитети: снајперските пушки ДВЛ-10 М1 „Диверзант“ и ДВЛ-10 М2 „Урбана“. Првата пушка е предвидена за експлоатација во воените единици, додека другата е специјално проектирана за употреба во специјалните полициски единици, каде е особено ефикасна во градските услови. Групирањето на погодоците кај двете пушки одговара на највисоките светски стандарди („Диверзант“-0,5 МОА, „Урбана“-0,38 МОА).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња