САД ги проценуваат последиците од можен нуклеарен напад од руската подморница „Јуриј Долгоруки“

Нуклеарната подморница „Јуриј Долгоруки“.

Нуклеарната подморница „Јуриј Долгоруки“.

ПО „Севмаш“ / РИА „Новости“ / Росијскаја газета
Американското интернет издание We Are The Mighty направи симулација на последиците од напад врз САД кој би бил извршен од подморница од класата „Бореј“ со ракети со нуклеарни боеви глави. Според пресметките на овој магазин, само една руска подморница, на пример „Јуриј Долгоруки“, е доволна да им нанесе фатална штета на американската армија и морнарицата.

Наведеното издание претпоставува дека најповолната локација за лансирање ракети од руска подморница би била во водите на Мексиканскиот залив, затоа што ракетите „Булава“, чиј дострел е 9000 км, оттаму можат да ги дофатат сите важни воени и комуникациски центри во САД, пренесува весникот „Росијскаја газета“.

Пред сѐ, станува збор за Пентагон, како и за военопоморската база во Кингс Беј на југот на Џорџија и воздухопловната база Вајтман во Мисури.

Во замислената војна е применета и „разорната и смртоносна“ подморница „Јуриј Долгоруки“ која има 16 ракети „Булава“ со нуклеарни боеви глави.

Магазинот истакнува дека секоја таква балистичка ракета носи по шест независни боеви глави со сила поголема од 100 килотони.

Се претпоставува дека сите ракети „Булава“ би биле лансирани во рок од една минута.

Според мислењето на изданието We Are The Mighty, би опстанал штабот на NORAD (командата на Воздухопловно-космичката одбрана на Северна Америка), кој е сместен во планината Шајен, но би биле уништени сите останати објекти, вклучувајќи го и бактериолошкиот центар на армијата на САД Форт Детрик, базата на Американската агенција за национална безбедност (NSA) во Форт Мид, базата на американските маринци Квантико и многу други.

Пресметано е дека во тој напад би загинале стотици илјади цивили.

Од друга страна, американските новинари сметаат дека веројатноста за реализација на таквото сценарио е многу мала, затоа што во случај на напад врз нуклеарна сила би почнала светска војна во која не би имало победници.

Погледнете го видеото: Лансирање на ракети „Булава” од руската подморница „Јуриј Долгоруки”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња