ВИДЕО: Покажани тајните на стратешката нуклеарна подморница „Кнез Владимир“

Што покажува електронскиот перископ на стратешката подморница, зошто дизел-генераторите на некои од најтивките подморници во светот исто така работат многу тивко и како изгледа ракетната палуба на „Кнез Владимир“ - сето тоа ни го покажа екипата на ТВ „Ѕвезда“. Новинарите на официјалниот ТВ-канал на Министерството за одбрана на РФ не само што беа пуштени во најновата нуклеарна подморница „Кнез Владимир“, туку беа однесени и на мисија, пренесува „Росијскаја газета“.

Се разбира, подморничарите не ги откриваат сите тајни, но раскажуваат многу интересни работи. На пример, дека „Кнез Владимир“ е еден од трите стратешки ракетоносци кои пролетоска ефикасно изнурнаа од под мразот на Арктикот. Една од нив беше нуклеарната подморница „Тула“ – таа беше првата што се крена и ги насочи останатите.

Првата подморница од унапредениот проект „Бореј-А“ е опремена со електронски перископ - сликата од камерата надвор од трупот се емитува во командното место. Има и многу други подобрувања.

На пример, дизел-генераторот на подморницата работи кога нуклеарната централа не е активирана - и е многу тивок. Додека е вклучен, човек може да зборува без да го подига гласот. Обично кога се активни дизел-генератори може да само да се вика. Или да се пишува.

„При изградбата на ова пловило беа реализирани многу идеи за намалување на физичките полиња - пред сè, бучавата. Инсталирана е нова опрема, благодарение на која дури и дизел-генераторот со моќност од неколку илјади киловати работи доволно бесшумно“, изјави командирот на подморнички дивизион Степан Келбас.

Телевизиската камера влезе и во еден од најтајните отсеци на подморницата - ракетниот. Тој е најголемиот - долг е неколку десетици метри - меѓу огромните цилиндри - лансирни контејнери со балистички ракети „Булава“, е сместена скалата за движење. На вратата №7 има црвена ѕвезда со датум и број на екипажот, со што се означува дека оттука е извршено лансирање на интерконтинентална балистичка ракета.

„Нашата подморница е нова и ѕвездата е единствената досега. Но, не и последна“, истакнува Келбас.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња