Верзија за извоз: Русија прави нов авион-ловец од петта генерација врз база на моделот Су-57

Су-57, тренирање полетување и слетување пред Парадата на Победата.

Су-57, тренирање полетување и слетување пред Парадата на Победата.

UAC/Global Look Press
Тоа ќе биде лесен суперманеварбилен ловец со еден мотор. Таквите авиони се популарни во странство и се идеални за масовно производство.

На почетокот на јуни корпорацијата „Сухој“ најави почеток на работата над едномоторен тактички ловец од петтата генерација. Таквите авиони сега се широко распространети во странство, а овој модел ќе биде верзија на Су-57 за извоз.

Што ќе наследи новиот авион од класичниот Су-57?

Во конструкцијата во голема мера ќе бидат користени технички решенија кои се веќе развиени за ловците од петтата генерација Су-57. Тоа подразбира и површина што апсорбира радарски сигнали, и авионика, и системи на вооружување.

„Новиот извозен ловец од петтата генерација ќе добие поинаков мотор во однос на Су-57. Тоа ќе биде моторот АЛ-31ФН со помала моќност (во споредба со Су-57)“, изјави воениот аналитичар на весникот „Военное обозрение“ Владимир Ставреев.

Су-57

Планирано е полетната маса да не биде поголема од 18 тони. Тоа значи дека новиот ловец ќе биде полесен за 7 тони од рускиот Су-57, додаде тој.

„Односот на масата и потисокот на моторот треба да има вредност 1. Тоа истовремено ја намалува и видливоста на радарите, како што е случајот со претходниот модел“, истакна експертот.

Тој нагласи дека максималната брзина на новиот суперманеварбилен авион со еден мотор ќе биде поголема од 2 секунди.

Предности и недостатоци

Предноста на шемата со еден мотор е во неговата цена. Таквите авиони се значително поевтини од тешките ловци на линијата „Су“ што ги има руската армија.

Повеќе од половина од цената на борбениот авион ја сочинува моторот и системот за довод на гориво. Многу земји сакаат да имаат евтина техника во своето воено воздухопловство, тако што едномоторните ловци се најпогодната опција, бидејќи не секоја земја може да си дозволи F-35 за 100 милиони долари, па дури ни нешто поедноставно за 50 милиони.

Во однос на борбените карактеристики, едномоторните авиони не се ништо полоши од тешките верзии, барем кога станува збор за опремата што ја носат, радарските системи и маневарските можности. Разликата во борбената моќ поради помалата маса не е поголема од 20%.

Друг проблем е отпорноста. Авионите со два мотори имаат можност да стигнат до аеродром дури и ако се расипе еден мотор.

„Американците не се плашат да летаат со F-35 затоа што се убедени дека тој е „невидлив“. Опасноста за F-35 постои само во оние земји чии ПВО-системи можат да го детектираат. А тоа се само неколку земји: Русија ги има ПВО-системите С-400, а ги имаат и земјите на кои им ги испорачавме, а тоа се Кина, Индија и Турција“, истакнува рускиот експерт.

Според мислењето на професорот на Академијата за воени науки, во реална борбена ситуација едномоторните авиони се попрактични од двомоторните.

„Во интензивните борбени дејствија, кога дејствува моќен систем за ПВО и непријателска авијација, ловецот извршува пет, најмногу десет борбени летови. После тоа тој оди на сервисирање поради оштетувања, ако во меѓувреме не е срушен. „Загубата на скапоцен тежок авион со два мотори е прескапа“, истакнува аналитичарот.

Според него, секоја сила треба да има технологии за правење поевтини едномоторни авиони кои во случај на војна можат брзо да бидат пуштени во сериско производство.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња