ВИДЕО: Руски пробни пилоти на необичен начин го тестираа невидливиот ловец

Слободан Ѓукиќ
Конкретно, оваа метода на проверка ја тестираат врвните пробни пилоти со цел следење на основните параметри на летот на авионот во специфични ситуации и објективното чувство на пилотот и употребливоста на авионот доколку од разни причини дојде до таков развој на настаните.

На интернет-ресурсите се појави видеоматеријал на кој се гледа тестирање на повеќенаменски борбен авион од петтата генерација. Имено, во еден краток сегмент на презентираниот материјал [1:10 на снимката] се гледа како овој авион лета со отворена пилотска кабина. Експертите во малку шеговит тон констатираа дека не станува збор за модификација на леталото, туку дека е во прашање проверка на одредени процедури кои можат да се случат во неочекувани ситуации.

Необичната ситуација можеше да се види на видеоснимката направена во чест на одбележувањето на еден век постоење на 929 Државен центар за тестирање летала на руското Министерство за одбрана кој го носи името на В. П. Чкалов (скр. 929 ГЛИЦ). Овде се реализира практичното тестирање на сите примероци нова и модернизирана воздухопловна техника и вооружување, како за потребите на руските Воздушно-космички сили, така и за странските купувачи, пренесува веб-порталот РГ.

Конкретно, што се однесува до летањето со отворена кабина, оваа метода на проверка ја тестираат врвните пробни пилоти со цел следење на основните параметри на летот на авионот во специфични ситуации и објективното чувство на пилотот и употребливоста на авионот доколку од разни причини дојде до отворање на кабината.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ Сухој. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња