Министерството за одбрана на Русија го покажа единствениот на светот супертежок тенк

Wikipedia.org
Во тенковскиот музеј во паркот „Патриот“ се одржа презентација на експозиции на ретки и единствени примероци оклопна техника. На изложбениот простор беа претставени над 80 ретки тенкови, самоодни орудија и оклопни возила.

Меѓу нив според своите димензии се издвојува супертешкиот тенк Pzkpfw.VIII Maus или во превод од германски „Глушец“. Ироничниот назив само ги нагласува колосалните димензии на возилото, создадено под раководство на Фердинанд Порше. Должината на трупот на тенкот достигнува 9 метри, ширината - 3,67 метри, висината - 3,66 метри, тежината - 182 тони. Вооружувањето се состои од пар 128-мм топови со долги цевки и 75-милиметарски со кратки цевки. Екипажот се состои од шест лица пишува „Росијскаја газета“.

Својот надворешен изглед Pzkpfw.VIII Maus го должи на манијата на германската команда – да создаде практично неповредлив на непријателски оган јуришен тенк. Се работеше над машината на крајот на 1942 година и на 14 мај 1943 година на Хитлер му беше презентирана дрвена макета на тенкот во полн размер, а една година подоцна се појавуваат два негови прототипа од метал.

Испитувањата на супертешките Maus во битки со советските тенкови кај Берлин не успеваат - огромните гиганти се расипуваат. На германските тенкисти не им останува ништо друго освен да ги разнесат своите машини.

„Тенковите беа толку големи што дури и „Кралскиот тигар“ до нив ќе изгледаше како танкета“, пишува подоцна во своите мемоари двојниот Херој на Советскиот Сојуз, командант на 53-та гардиска тенковска бригада, полковник Василиј Архипов.

Подетални информации се содржани во извештајот потпишан од шефот на Главната оклопна управа на Црвената армија, маршалот Јаков Федоренко. Во него се известува дека супертешките тенкови биле откриени на 4 јуни 1945 година: „Едниот од нив, со вооружена купола и дизел-мотор - 40 км јужно од Берлин во реонот Штамлагер, вториот тенк со необработена купола и мотор на карбуратор - 62 км јужно од Берлин во реонот на Кумерсдорф“.

Советските инженери во Германија детално ги проучуваат трофеите. Агрегатите на прототипите се извадени од трупот и испратени во СССР. Останатите делови се искористени за составување на „хибриден“ тенк, кој во мај 1946 година пристигнува во Кубинка за проучување. Откако е проучен Pzkpfw.VIII Maus, тој е одвлечен до музејот на полигонот.

Според директорот на паркот „Патриот“ Игор Барски, новата изложба ќе им овозможи на посетителите да ги проценат можностите на историските и модерните примероци на тенковска техника, како и да ја почувствуваат моќта на руското оружје.

Прочитајте повеќе: „Објект 150“: Како СССР го направи единствениот ракетен тенк на светот

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња