Американските маринци се соочија со проблеми при „напад“ на батерија ПВО-системи 96К6 „Панцир-С1“

Министерство за одбрана на Република Србија / Војска на Србија
Војската на САД интензивно работи на развој на нов дрон-самоубиец со голем домет кој ќе биде специјализиран за напади на средства за ПВО, вклучувајќи радарско-набљудувачки станици, командни пунктови и комуникациски јазли. Еден од главните напори на американските конструктори е изработката на нова лојтеринг муниција за борба против рускиот хибриден ракетно-топовски ПВО-систем 96К6 „Панцир-С1“.

Американскиот портал The Drive пренесува дека Војската на САД неодамна започнала со тестирање на ново оружје кое претставува своевидна воена тајна. Имено, станува збор за проект на перспективен дрон-самоубиец. Тестиран е во рамките на воената вежба „Edge 21“ (Еџ 21“) што се одржа на воениот полигон Дагвеј во сојузната држава Јута. Во мултивидовската воена вежба учествуваа единици на американското Воено воздухопловство и Маринскиот корпус.

Според замислата на креаторите на вежбата, ангажираните единици имаа задача да ги откријат и уништат сите непријателски цели, кои според сценариото беа расфрлани по цела низа острови во водите на Тихиот океан. На дроновите-самоубијци (3) им припадна задачата да уништат ист број цели што се состоеја од макети на радарот што се наоѓа во состав на противвоздухопловна батерија, комуникациски јазол и самоодно лансирно орудие 96К6 „Панцир-С1“, пренесува веб-порталот РГ.

Дроновите успеаја да ги пронајдат и уништат првите две цели: радарската станица и комуникацискиот јазол. Меѓутоа, при „пикирањето“ на третиот дрон-самоубиец врз макетата на самоодното лансирно орудие 96К6 „Панцир-С1“, се појави проблем. Од неутврдени  неодредени дронот ја изгуби целта од фокус и падна покрај макетата што претставуваше „Панцир“.

По овој инцидент, командата што ја надгледуваше вежбата одлучи да се запре понатамошната употреба на дроновите-самоубијци со цел уништување на зададената макета. Главната причина е зачувување на преостанатите апарати за следната вежба со кодно име Project Convergence.

Инаку, тактичко-техничките карактеристики на новиот дрон-самоубиец се наоѓаат во режим на воена тајна. Судејќи според сé, се работи за нов тип лојтеринг муниција со голем дострел, која се употребува така што се лансира од земја (копнени единици). Се претпоставува дека со новиот вид оружје би биле опремени единици од составот на Маринскиот корпус.

Експерти на НАТО: ПВО-системот „Панцир-С1“ претставува голема опасност

Специјалистичките структури во рамките на НАТО задолжени за анализа на воздухопловните сили, како на пр. Joint Air Power Competence Centre објавија извештај под работен наслов „Комплексен пристап кон борбата против беспилотните воздухопловни системи“. Во него воените аналитичари обрнуваат особено внимание на руското искуство кога станува збор за борба со беспилотни летала, за време на одбраната на воздушната база „Хмејмим“ во Сирија. Во врска со оваа студија, споменат е и познатиот хибриден ракетно-топовски противвоздухопловен комплекс со краток дострел 96К6 „Панцир-С1“:

„Тој е пред сé развиен за борба против борбени авиони и хеликоптери, но и за дополнително обезбедување на останатите единици за противвоздухопловна одбрана (се мисли на системите С-300/С-400 – заб. на прев.) од напади со високопрецизни убојни средства кои летаат на мали висини“, се наведува во соопштението. „Овие тактичко-технички карактеристики што ги има ПВО-системот „Панцир-С1“ се идеални за организација на борба против широк спектар на воздушни цели, вклучувајќи минијатурни и тактички типови на беспилотни летала. Значи, овој систем е одличен за пополнување на празниот простор во стандардните единици за ПВО кога станува збор за борба против погабаритни тактички беспилотни летала, но и системи базирани на минијатурни дронови“, се наведува во извештајот на американските експерти.

96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со краток дострел. Наменет е за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите модерни и перспектива средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на периодот на денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба. Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива далечина до 5000 метри. Топовите дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи и против копнени и надводни цели.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња