Се појави табела на која се гледа ефикасноста на употребата на системите 96К6 „Панцир-С-1“ во Сирија

Слободан Ѓукиќ
Во табелата се гледа точниот датум кога е извршено соборувањето, местото кадешто се случило тоа, основните параметри на целта која е соборена, нејзиниот тип, и во последната рубрика се гледа трошокот на противвоздушните ракети од системот „Панцир-С1“ кои се употребени за време на секое конкретно соборување. Табелата е направена во временскиот период од 23.3. до 6.7 2017 година.

На страницата Борбени Ефективи/Marsonline на Телеграм се појави табела на која се гледаат регистрираните погодоци од хибридниот ракетно-топовски систем за ПВО 9К96 „Панцир-С1“. Ова современо оружје со исклучителна огнена моќ, главно се наоѓа во системот за противвоздушна одбрана на руските воени бази „Хмејмим“ и „Тартус“. На табелата се гледа точниот датум кога е извршено соборувањето, местото кадешто се случило соборувањето, основните параметри (далечината, висината и брзината) на целта која е соборена, нејзиниот тип, и во последната рубрика се гледа трошокот на противвоздушните ракети од системот „Панцир-С1“ кои се употребени за време на секое конкретно соборување. Табелата е направена во временскиот период од 23.3. до 6.7 2017 година. Поопширно во продолжение на текстот.

Првото соборување на хибридниот ракетно-топовски систем за ПВО 9К96 „Панцир-С1“ кога станува збор за водењето евиденција во назначениот период е регистрирано во градот Масјаф. Настанот се случи на 23.3.3027 година. Целта беше ракетизираната воздухопловна бомба која се испукува од специјален лансер кој масовно се користи во Сирија. Нејсиното успешно пресретнување е извршено со една ракета на оддалеченост од 5 километри, на висина од 2 километри. Брзината на проектилот изнесуваше 360 километри на час.

Второто соборување на хибридниот ракетно-топовски систем за ПВО 9К96 „Панцир-С1“ е регистрирано за време на одбраната на воздухопловната воена база „Хмејмим“. Настанот се случи на 27.3.2017 година. Целта беше ракета која се испукува од лансер на ракети со повеќе цевки (веројатно БМ-21 „Град“). Нејзиното успешно пресретнување е извршено со една ракета на оддалеченост од 4 километри, на висина од 2 километри. Брзината на проектилот имаше околузвучна вредност и изнесуваше 1.080 километри на час.

Третото соборување од истиот комплекс е регистрирано за време на одбраната на воздухопловната база „Хмејмим“. Настанот се случи истиот ден, Целта исто така беше ракета која се испукува од лансер на ракети со повеќе цевки (веројатно БМ-21 „Град“). Нејзиното успешно пресретнување е извршено на оддалеченост од 3 километри и на висина од 1.5 километри. Брзината на проектилот изнесуваше 960 километри на час.

Четвртото соборување од хибридниот ракетно-топовски систем за ПВО 9К96 „Панцир-С1“ кое е регистрирано, се случи два дена подоцна. Целта на терористите повторно беше воздухопловната воена база „Хмејмим“. Целта повторно беше ракета која се испукува од лансер за ракети со повеќе цевки. Нејзиното успешно пресретнување е извршено со една ракета на оддалеченост од 5 километри и на висина од 4 километри, Брзината на проектилот имаше суперсонична вредност и изнесуваше 1.380 километри на час.

Петтото соборување од хибридниот ракетно-топовски систем за ПВО 9К96 „Панцир-С1“ се случи неколку дена подоцна, односно на 3.4. Екипажот на овие системи кои го бранат воздушниот простор над поморската база „Тартус“ воочија беспилотно летало од типот ИАИ Херон. Станува збор за извидувачко беспилотно летало од израелско производство. Неговото успешно соборување е извршено со една ракета на оддалеченост од 13.7 километри и висина од 6.4 километри. Брзината на целта изнесуваше 120 километри на час.

Шестото соборување е регистрирано на 4.5 во реонот на градот Масјаф. Соборено е минијатурно беспилотно летало (веројатно станува збор за импровизација). Неговото успешно соборување е извршено со една ракета на оддалеченост од 3.5 километри и висина од 2.5 километри. Брзината на целта изнесуваше 60 километри на час.

Седмото соборување е регистрирано на 11.5 во реонот на поморската база „Тартус“. Ракетарите на хибридниот ракетно-топовски систем за ПВО 9К96 „Панцир-С1“ соборија „капитална“ цел. Станува збор за турското беспилотно летало „Бајрактар“. Неговото успешно соборување е извршено со една ракета на оддалеченост од 3.2 километри и висина од 2.5 километри. Брзината на целта изнесуваше 110 километри на час.

Осмото соборување кое е регистрирано се случи на 20.5, исто така во реонот на поморската воена база „Тартус“. Соборено е уште едно тактичко беспилотно летало ИАИ Херон. Неговото успешно соборување е извршено со една ракета на оддалеченост од 8.8 километри и на висина од 7.3 километри. Брзината на целта изнесуваше 147 километри на час.

Деветтото соборување кое беше регистрирано се случи на 27.5. Повторно голем успех имаше екипажот на ракетно топовските системи за ПВО 9К96 „Панцир-С1“ кои ја бранат поморската воена база „Тартус“. Соборено беше американско тактичко извидувачко беспилотно летало РКју-21 „Интегратор“ кое се наоѓа во составот на воената морнарица на САД. Неговото успешно соборување беше извршено со три испукани ракети на оддалеченост од 5 километри и на висина од 9.1 километар. Брзината на движење на целта изнесуваше 11 километри на час.

Десеттото соборување кое беше регистрирано се случи на 17.6 во реонот на воздухопловната воена база „Хмејмим“. Соборен беше летачки аеростат кој главно се користи за извидување. Неговото успешно соборување беше извршено со две испукани ракети на оддалеченост од 15.1 километар и на висина од 11.7 километар. Брзината на целта изнесуваше 90 километри на час.

Единаесеттото соборување кое беше регистрирано се случи на 21.6 во реонот на поморската воена база „Тартус“. Соборен е минијатурен летечки балон кој се користи за извидување. Неговото успешно соборување е извршено со една ракета на оддалеченост од 19 километри и на висина од 7.3 километри, Брзината на целта изнесуваше 100 километри на час.

Дванаесеттото соборување од хибридниот ракетно-топовски систем за ПВО 9К96 „Панцир-С1“ е регистрирано во реонот на градот Масјаф. Настанот се случи на 6.7. Во таа пригода е соборена трето по ред тактичко извидувачко беспилотно летало ИАИ Херон (производител Израел). Неговото успешно соборување е извршено со една испукана ракета на оддалеченост од 16.1 километар и на висина од 4.1 километар. Брзината на целта изнесуваше 75 километри на час.

Потсетник

96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со краток дострел, наменет за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите современи и перспективни средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на времето од денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба.

Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива растојание до 5000 метри. Топови дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи против копнени и надводни цели.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња