ПАК ДА ќе добие нов одбранбен комплекс

militaryarms.ru
Перспективниот авијациски комплекс на стратешката авијација на Русија ќе добие напреден одбранбен комплекс. Уредот со помош на средствата за противелектронска борба ќе обезбеди заштита од непријателската противвоздушна (ПВО) и противракетна одбрана (ПРО).

„За ПАК ДА се развива комплетно нов комплекс за одбрана, што ќе го заштити од сите видови на оружје - радарско и оптичко“, цитира ТАСС претставник на одбранбено-индустрискиот комплекс на Русија.

Благодарение на тоа што перспективниот бомбардер ќе носи оружје со голем дострел само во внатрешните оддели на трупот, тој ќе може да не влегува во зоната на противвоздушната одбрана на непријателот. Целите ќе можат да ги погоди од подрачја на светските океани или од територијата на друга држава, пишува „Росијскаја газета“.

Познато е дека авионот ќе биде направен според шемата „летечко крило“, ќе развива супсонична брзина и ќе има голема автономија на летот. Бомбардерот ќе биде максимално автоматизиран, што ќе овозможи во иднина да реализира летови во беспилотен режим. Главната тактика на користење на ПАК ДА ќе биде употреба на оружје со голем дострел.

Развојот на ПАК ДА започна во 2009 година во конструкторското биро „Туполев“. Се планира да влезе во вооружувањето до 2027 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња