Како ќе биде модифициран Су-30СМ?

Су-30СМ на руското Воено воздухопловство.

Су-30СМ на руското Воено воздухопловство.

Александар Белтјуков (CC BY-SA 3.0)
Новата верзија ќе добие нови мотори и радари, а исто така и наведувани бомби и ракети, така што овој ловец од 1990-тите ќе стане „птица“ со која ќе нема шега во современата војна.

Руските авиони-ловци Су-30СМ ќе бидат модернизирани и таа модификација ќе го добие називот СМ2 „Супер Сухој“, соопштуваат медиумите. Модернизираните авиони ќе добијат мотор кој овозможува поголеми маневарски можности, а исто така и уникатни радари. Покрај тоа, значително ќе им биде проширен арсеналот. Модифицираниот модел ќе ги има најновите наведувани бомби и ракети. Според мислењето на експертите, таквата модернизација значително ќе го зајакне потенцијалот на руската борбена авијација.

Планирано е работите над модернизацијата да завршат до 2027 година. Покрај ловците на Воздушно-космичките сили, ќе биде модернизирана и морнаричката авијација.

Сé уште не е познат точниот број на ловци Су-30СМ кои ќе бидат модифицирани. Тоа ќе биде одлучено во текот на наредните месеци.

Што ќе се промени?

Су-30СМ на 120 посебен мешовит авијациски полк. Работен ден на аеродромот Домна.

Руските инженери од 2015 година работат на подигање на борбените карактеристики на авионот Су-30СМ. Меѓу другото, беше одлучено да максимално да се унифицираат Су-30СМ и Су-35С. Со таа цел започна подготовката за создавање на варијанта на Су-30СМ со нов мотор, а се проучува и можноста за монтирање на многу помоќниот радар „Ирбис“ наместо сегашниот „Леопард“.

Во рамките на модернизацијата се решава проблемот за инсталација на моторот АЛ-41Ф-1С на Су-30СМ2. Тоа е моторот што го имаат суперманеварските ловци Су-35С. Потисокот на новиот мотор е 16% поголем од потисокот на сегашните мотори на моделите Су-30СМ.

„Работниот век на новиот мотор е удвоен без зголемување на масата и димензиите. Сега тој може да работи 4000 часа. Моторот АЛ-41Ф-1С има плазма палење и помала потрошувачка од моделот АЛ-31ФП, кој ги движи сегашните „триесетки“. Со иста количина гориво авионот ќе може да остане во воздухот подолго. Покрај тоа, електрониката, како и радарските и оптичките системи, се усовршени“, изјави професорот на Академијата за воени науки Вадим Козјулин.

Су-30СМ. Подготовка на екипаж на оперативно-тактичката авијација на 14 гардиски воздухопловен ловечки ленинградски црвенознаменски полк од редот „Суворов“, 105 мешовита воздухопловна дивизија на 6 ленинградска краснознаменска ВВ и ПВО за вежба во Тверската област.

Според него, овие модификации ќе имаат поголем опсег на гаѓање, што е од суштинско значење во модерните воздушни борби.

„Обновениот мотор ја намалува потрошувачката на гориво и обезбедува поголем радиус на движење. Подобрениот радар попрецизно ги открива и ги дефинира непријателските цели“, додаде експертот.

Су-30СМ е направен за потребите на Вооружените сили на Русија врз основа на добро развиената варијанта Су-30МК, која на преминот на вековите беше хит на меѓународниот пазар. Над 300 авиони од ова семејство беа испорачани на Индија, Алжир и Малезија. Користењето на таквата платформа овозможи брзо да се направи нејзина модификација за нашата земја и брзо да започне сериското производство.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња