Според податоците на извештајот World Air Forces 2021, кои на 8 декември ги објави магазинот „Флајт Интернешенл“ (Flight International), четири рски воени авиони се вброени меѓу десетте најпопуларни борбени авиони на светот, пренесува TASS.
Повеќенаменските борбени авиони „Сухој“ Су-27/30 го заземаат второто место на листата со 1057 оперативни летала во светските воздухопловни сили, односно 7% од вкупниот број. Првото место го зазедоа американските F-16 (2267 или 15% од глобалната флота на борбени авиони).
Су-27 на казахстанското Воено воздухопловство
Јавен доменЛовците „Микојан“ МиГ-29 го заземаат петтото место на листата со 817 оперативни ловци (6% од глобалната флота на борбената авијација). Според својата популарност ловците МГ-29 се далеку пред европскиот борбен авион „Еурофајтер Тајфун“ (шесто место на листата со 514 авиони или 3% од глобалната воздухопловна флота), се наведува во извештајот.
МиГ-29 на српското воздухопловсто
Авионите за блиска поддршка Су-25 го заземаат седмото место на листата со 47вни летала од овој тип (3% од глобалната флота), според податоците на „Флајт Интернешенл“).
Перуански Су-25
Јавен доменБомбардерите Су-24 се најдоа на десеттото место со 389 оперативни единици (3% од светската флота на борбената авијација).
Ирански Су-24
Јавен домен„Флајт Интернешенл“ е најстариот светски магазин за воздухопловство. Излегува од 1909 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче