Министерство за одбрана на РФ: Соработката на руската и српската војска достигна повисоко ниво

Министерство за одбрана на Русија
Заменик-министерот за одбрана на Русија Николај Панков истакна дека заедничката обука на руската и српската војска не е насочена против никого, туку дека претставува уште еден показател на руско-српското пријателство.

Руските и српските специјални единици во текот на тактичката вежба „Заеднички одговор 2021“демонстрираа високо ниво на увежбаност на заедничките дејствија. Ова во неделата, 21 мај, го изјави државниот секретар, заменик-министер за одбрана на Русија Николај Панков. Заедно со заменик-министерот за одбрана Александар Фомин, тој учествуваше во последната фаза на антитерористичките вежби што се одржаа на 23 мај на полигонот Орашац (Србија).

„Во текот на последните години билатералната соработка меѓу Русија и Србија во воената сфера достигна високо ниво. Подготвени сме и понатаму да вложуваме напори во правец на понатамошен развој со исто темпо“, рече Панков.

Според неговата проценка, во текот на завршната фаза на вежбите руските и српските специјалци покажаа одлична обученост, способност во најкраток рок да го воспостават потребното ниво на заедничко дејствување заради решавање на задачи.

Заменик-министерот за одбрана на РФ истакна дека заедничката обука на руските и српските сили не е насочена против никого, туку дека претставува уште еден показател за руско-српското пријателство.

Николај Панков им врачи на руските, а Александар Фомин на српските војници медали „За зајакнување на борбеното братство“ и „За извонредност во вежби“.

Во заедничките руско-српски тактички вежби од руска страна учествуваа до 200 војници и 11 парчиња техника на единиците за специјална намена на Западниот воен округ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња