Вежба „Заеднички одговор 2021“: Рускиот спецназ дојде во Србија со снајперски пушки СВ-98М (ФОТО)

Борбени Ефективи
СВ-98М почна да се воведува во вооружувањето на руските специјални единици кон средината на 2015 година. Основната идеја при нејзиното усвојување во вооружувањето е замена на дотогашните формациски пушки СВД кои долги години беа стандардно оружје. Многу е ефикасна на далечини од 1000-1100 метри. Користи куршум .338 Lapua Magnum.

На воената вежба, која на полигоните на Војската на Србија ќе трае до 25 мај, ќе учествува една тактичка борбена група за специјална намена (од составот на Псковската 2 самостојна бригада на спецназот на ГРУ) со јачина од 200 луѓе која се наоѓа во составот на Западниот воен округ,  пренесува веб-сајтот „Борбени ефективи“. Покрај најновиот производ на рускиот концерн „Калашников“ - автоматските пушки АК-12 кои од неодамна се наоѓаат во вооружувањето на руската армија (со неа во моментов главно се опремени елитните механизирани единици, специјални единици и единици на ВДВ), на вежбата се забележани и снајперски пушки СВ-98М (претставува модификација на основната верзија на оружјето со преклопен кундак, наменета за опремување на единиците на ВДВ).

На фотографијата се гледа припадник на рускиот контингент како со пушка СВ-98М преминува преку висечки мост, кој се наоѓа на полигонот каде што се изведува вежбата. Во транспортната при носењето стрелецот го преклопува кундакот на оружјето, со што тоа станува пократко и посоодветно за манипулација при движење.

Треба да се истакне дека со планот на оваа вежба се предвидени дополнителни активности во кои нејзините учесници ќе се запознаат со стрелечкото оружје, при што ќе бидат одржани и полигонски гаѓања. Исто така, руските специјалци ќе се запознаат со арсеналот на српската 72 бригада за специјални операции, кој располага со респектабилно стрелечко оружје.

СВ-98М почна да се воведува во вооружувањето на руските специјални единици кон средината на 2015 година. Основната идеја при нејзиното усвојување во вооружувањето е замена на дотогашните формациски пушки СВД кои долги години беа стандардно оружје.

СВ-98М е специјално развиена за единиците на СпН (ВДВ). Тоа е репетирка со обртно-чепен затворач, што ѝ обезбедува висока прецизност и сигурност во сите временски услови. Основната верзија на оружјето (СВ-98) беше воведена во вооружувањето во 2003 година. Се работи за оружје кое е многу ефикасно на растојанија до 1000 метри. Самата нејзина конструкција обезбедува монтажа и на руски и на странски оптички нишани. Пушката подеднакво удобно може да ја користат деснораки и левораки стрелци. За да се намали пукотот а на оружјето, како и енергијата на трзајот, наместо вообичаениот компензатор, може да се монтира тактички придушувач специјално развиен за оваа пушка.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња