Руски и српски спецназовци тренираат елиминирање на терористичка опасност (ФОТО, ВИДЕО)

Министерство за одбрана на Русиjа
Во рамките на „Заеднички одговор 2021“, првата воена вежба во историјата на специјалните единици на Војската на Србија и Вооружените сили на Руската Федерација која се одржува во Србија, припадниците на двете војски започнаа со практични антитерористички вежби.

Единиците извршија потрага по терористички групи на теренот, тренираа борба против заседа и изедоа напад врз база на условните терористи.

Во текот на практичниот дел од вежбата беа изведени, меѓу другото, боеви гаѓања од автоматски пушки, снајперско оружје и митралези со голем калибар поставени на оклопни возила.

Со цел условите во кои се одигруваат вежбите да бидат максимално слични на борбени, вклучени се статички и динамички цели од различен вид, како и модуларни комплекси на стрелачка опрема.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња