Руските специјалци употребија „падобрански“ снајперски пушки СВДС на полигонот „Орешац“ (ФОТО)

Се работи за модификација на познатата снајперска пушка СВД „Драгунов“ која е специјално правена за потребите на воздушно-десантните единици. За разлика од основната варијанта, оваа верзија е пократка и има преклопен кундак. Главно користи оптички нишан ПСО-1М2.

На фотографијата е прикажан снајперист вооружен со модернизирана снајперска пушка СВДС со калибар 7,62х54R. Обучен снајперист со оваа пушка може да постигне исклучителни резултати на растојанија и до 800 метри. Пушката има делови изработени од полимер, некои модели имаат опција за додавање преклопни тактички ногарки за подобра фиксација на оружјето при гаѓање од лежечки став, кундакот е преклопен и опремен со соодветен штитник, компатибилна е со последната генерација на дневни/ноќни нишански уреди.

Што се однесува до варијантата на пушката СВДС, таа е правена за воздушно-десантните единици. За разлика од основната варијанта со ознака СВД, оваа верзија е пократка и има преклопен фонд. Користи оптичкиот нишан ПСО-1М2.

Покрај оваа модификација на снајперската пушка, руските специјални единици го користат и моделот на пушка со голем калибар СВДК (скратено од „Снайперская винтовка Драгунова крупнокалиберная“ – мак. „Снајперска пушка со голем калибар „Драгунов“). Оваа пушка користи куршум со калибар 9,3×64 мм 7Н33, кој има исклучителни балистички карактеристики. Имено, зрно со овој калибар генерира енергија од 4920 Џули и е способно да пробие челична плоча дебела 10 мм на растојание од 200 метри.

За разлика од стандардната снајперска пушка СВД, оваа пушка има малку поголема тежина, која достигнува 6,5 кг без оптички нишан и ногарки. За неа е развиен и нов оптички нишан мод. 1П70 „Хиперон“ кој дава далеку подобри резултати на растојанија поголеми од 800 м. Благодарение на балистичките карактеристики на снајперската муниција 7Н33, како и квалитетот на самата пушка СВДК, ова оружје може да пробие секаков вид балистичка заштита на растојание до 600 метри, вклучително и лесно оклопни борбени средства.

На воената вежба, која на полигоните на Војската на Србија ќе трае до 25 мај, ќе учествува една тактичка борбена група за специјална намена (од составот на Псковската 2 самостојна бригада на спецназот на ГРУ) со јачина од 200 луѓе која се наоѓа во составот на Западниот воен округ. Покрај најновиот производ на рускиот концерн „Калашников“ - автоматските пушки АК-12 кои од неодамна се наоѓаат во вооружувањето на руската армија (со неа во моментов главно се опремени елитните механизирани единици, специјални единици и единици на ВДВ), на вежбата се забележани и снајперски пушки СВ-98М (претставува модификација на основната верзија на оружјето со преклопен кундак, наменета за опремување на единиците на ВДВ).

Пред неколку дена беше одржана официјална церемонија на отворање на антитерористичката воена вежба што ќе ја изведат единици за специјални намени кои се наоѓаат во рамките на српската и руската армија. На оваа вежба специјалците за десант ќе користат руски падобрански системи „Арбалет“, ќе извршат запоседнување на десантната база и ќе напредуваат кон група објекти во кои се наоѓаат терористите, ќе извршат нивна блокада и ќе ги уништат со употреба на оклопна борбена техника. Покрај тоа, ќе бидат одржани активности во кои учесниците во вежбата ќе се запознаат со стрелечко оружје, при што ќе бидат одржани и полигонски гаѓања.

Што се однесува до контингентот од составот на руската армија, тој ќе биде засилен со 11 единици борбена техника (главно оклопни автомобили „Тигар“ со митралези „Корд“ со кал. 12,7 мм). Што се однесува до Војската на Србија, главен носител на вежбата е 72 бригада за специјални операции, а се претпоставува дека во неа ќе земат учество и елементи на 63-та падобранска бригада.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња