Франција интензивно работи на проектот за создавање на тенк од „новата генерација“ MGCS (Main Ground Combat System).
Повеќе од очигледно е дека се работи за одговор на новиот руски тенк Т-14 направен врз основа на тешката гасенична платформа „Армата“.
Европски основен борбен тенк (EMBT). Корпус на германскиот борбен тенк Leopard 2s и купола на францускиот современ борбен тенк Leclerc.
Blackbirdxd (CC BY-SA 4.0)Французите (и воопшто Европејците) му пристапија на ова прашање многу одговорно. Може да се каже дека раѓањето на новата борбена машина започна со конструирање на оружјето за новиот тенк, и тоа такво кое суштински се разликува од сè што сега користат тенковите на НАТО.
Неодамна француската компанија Nexter го претстави концептот ASCALON (Autoloaded and SCALable Outperforming guN), тенковско вооружување што може да го има борбената машина од новата генерација.
Можен изглед на францускиот перспективен тенковски топ од нов тип Nexter ASCALON
Nexter GroupФранцузите решија да не го откриваат калибарот на овој топ. Но, веројатно се работи за топ со калибар 140 мм. Претходно јавноста дозна во 2019 година дека Nexter го вооружил главниот борбен тенк Leclerc со масивен топ со калибар 140 мм и веќе успеал да направи цела серија тестови.
Модернизираната машина изведе над 200 успешни истрелувања. Во исто време, компанијата изјави дека новиот топ е „70% поефикасен“ од постојните тенковски топови на НАТО со калибар 120 мм. Тогаш истовремено се дозна дека топот не е направен за Leclerc туку за MGCS.
Французите велат дека фазата на демонстрација на MGCS ќе трае до 2024 година, по што ќе следи фазата на демонстратори на системот од 2024 до 2027 година, а потоа и фазата на имплементација, која ќе започне во 2028 година.
Целта е многу амбициозна: да се обезбеди тактичка предност во следните децении. Топот ќе има автоматско полнење, создадено врз основа на искуството стекнато во развојот на автоматско полнење на тенкот Leclerc, како и низа други битни иновации.
„Во секој случај, примената на новиот калибар ќе придонесе MGCS да биде противник со каков ниту СССР ниту Русија никогаш не се судриле на бојното поле. Експерименти со моќни тенковски топови и претходно беа изведувани на Запад, но новите технологии овозможуваат (барем теоретски) сега да бидат мошне компактни и сигурни“, изјави за порталот Russia Beyond главниот и одговорен уредник на магазинот „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски.
Според него, MGCS има и конкуренција, која исто така се обидува да создаде нова генерација на оружје за европските тенкови. Тоа е германска компанија Rheinmetall. Минатата година беше промовиран видеоклип со демонстрација на најновиот тенковски топ со мазна цевка со калибар 130 мм.
Интересно е што како основа за овој тенк е искористен британскиот Challenger 2, а не познатиот германски Leopard 2. Треба да се каже дека тоа е многу оригинално решение со оглед на малата популарност на британскиот тенк во светот.
Тенк Т-14 „Армата“.
Владимир Песња/Sputnik„Гледано во целина, појавата на европска машина наоружана со нов топ со калибар 130 или 140 мм (дури и во перспектива) ќе биде предизвик за Русија. Системот на активна заштита (Т-14 доби KAZ „Afganit“) сега тешко дека може да изненади некого, а топот 2А82 со калибар 125 мм на новиот руски тенк нема значителна предност во однос на топовите на НАТО“, додаде Мураховски.
Тој истакна дека руските производители ќе одговорат на овој предизвик со тоа што тенкот Т-14 ќе добие нова беспилотна купола со топ со калибар 152 мм, со што ќе се зголеми борбената моќ на „Армата“ и неговите можности на бојното поле против техниката на Европа и НАТО.
Од друга страна, „Армата“ веќе ги има најновите заштитни системи кои во моментов европските земји ги немаат.
Француски современ борбен тенк Leclerc.
Global Look Press„Армата“ е опремен со напредни системи за активна динамичка заштита. На „Јутјуб“ има видео каде сириските терористи го користат американскиот противтенковски систем Javelin („Џавелин“) од кој гаѓаат тенковите Т-90 од последната генерација (чиј оклоп е полесен од оној на „Армата“). На снимката добро се гледа дека тенкот, иако изгаснат, останал целосно неоштетен бидејќи неговата внатрешна динамичка заштита се активира во пасивен режим. „Ако [тенкот] бил запален и целосно функционален, активната заштита со системите за попречување дури и не би му дозволила на „Џавелин“ да се приближи до својата цел“, изјави Дмитриј Сафонов за порталот Russia Beyond.
Според него, „Армата“ има и системи кои овозможуваат да остане незабележан од непријателските системи за оптичко и радарско набљудување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче