Ако неко има информације о опасности која прети Русији сада може да упозори Руску обавештајну службу користећи браузер Tor на даркнету.
Доколку некој има информации за опасност што ѝ се заканува на Русија сега може да ја предупреди руската разузнавачка служба користејќи го прелистувачот Tor на даркнет.
Соопштението за новиот начин на испраќање документи и други соодветни информации кои се однесуваат на безбедноста на Русија се појави на веб-сајтот на Службата за надворешно разузнавање на РФ (рускиот пандан на ЦИА).
Со кликнување на копчето Report Information (Соопшти информација) во долниот лев агол на главната страница се отвора прозорче со детален опис на новата процедура:
„Ако се наоѓате надвор од границите на Русија и поседувате важни и неодложни информации поврзани со опасност што ѝ се заканува на Руската Федерација можете безбедно и анонимно да ја споделите со нас таа информација преку системот за виртуелен прием на податоци што Службата за надворешно разузнавање го овозможи преку мрежата Tor“, пишува на страницата со инструкциите.
Предвидено е да се појави и адреса со екстензија .onion, но во моментот на објавувањето на овој материјал прелистувачот Tor не можеше да ја отвори.
Разузнавачката служба тврди дека новиот систем на даркнет ќе им овозможи на доброинформираните лица да споделуваат датотеки и информации „безбедно и анонимно“, па дури дава и детални упатства како да се запазуваат основните безбедносни процедури за корисникот д остане анонимен за локалните власти.
„Ако се наоѓате во непријателско опкружување и/или постојат причини да бидете загрижени за вашата безбедност, немојте да користите уред (паметен телефон, компјутер) регистриран на ваше име или поврзан на кој било начин со вас или со луѓето од вашите лични прилагодувања за пристап до мрежата. Прилагодете ја важноста на информацијата што сакате да ни ја испратите со мерките на безбедност што ги преземате за да се заштитите“, се вели на сајтот.
Порталот дава на располагање и отворен PGP-клуч (PGP-key) „како дополнително ниво на безбедност“ за криптирање на пораките што се пренесуваат преку новиот виртуелен систем за прием на податоци.
Кога еден корисник првпат ќе го посети веб-сајтот со намера да испрати доверлива информација поврзана со националната безбедност на Русија, тој добива код од пет зборови неопходен за дешифрирање на пораките од разузнавачката служба, доколку таа биде заинтересирана за контакт со доставувачот на податоците.
Некои информативни сајтови тврдат дека соопштение за стартување на овој виртуелен систем за прием на податоци се појавило на даркнетот уште на 30 декември 2020 година.
Овде прочитајте повеќе за најуспешната советска шпионска операција во Втората светска војна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче