Американски медиуми: Дроновите ќе им обезбедат на Русите воена доминација на Арктикот

Иљја Питаљев/Sputnik
Руското беспилотно летало ZALA 421-08M на концернот „Калашников“ го фасцинираше аналитичарот на американскиот весник „Национален Интерес“ (The National Interest). Дронот може да извршува задачи дури и во екстремни арктички услови.

Како што се наведува во статијата, леталото може час и половина слободно да лета на температури до минус 52 степени Целзиусови. Војниците за тоа време ќе вршат оптичко и термовизиско набљудување од станици или оклопни транспортери со греење.

Исто така, се истакнуваат и други квалитети на рускиот дрон, а тоа е малата тежина и современиот систем за управување. ZALA 421-08M непрекинато одржува врска со единиците на терен и им испраќа извидувачки податоци анализирајќи го теренот. Борбените можности на руската армија на Арктикот благодарение на ова летало ќе бидат подигнати на повисоко ниво, смета авторот на статијата.

Магазинот „Национален Интерес“ изведува заклучок дека проекти како  ZALA 421-08M ѝ овозможуваат на Русија да воспостави доминација на Арктикот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња