ZALA 421-16E
Kalashnikov Media/Global Look PressОва во четвртокот е соопштено на сајтот на групата компании.
„Беспилотното летало ZALA 421-16EV е направено по примерот на „конвертоплан“, т.е. хибрид на беспилотно летало од авионски и хеликоптерски тип. Овој модел е единствен по тоа што може вертикално да слетува и полетува во автоматски режим“, се вели во соопштението.
Според податоците што ги изнесува компанијата, овој систем пренесува видеоснимка во HD формат, што му овозможува на операторот на земја детално да ги разгледа деталите во „директен пренос“. Проектот е веќе фабрички тестиран и добро се покажал во примената на терен.
Ова беспилотно летало е погодно за мониторинг и аероснимање на недостапен терен и индустриски зони. Апаратот може да помине во воздух два часа и развива брзина на крстарење од 110 км/ч. Главната предност на конвертопланот е во тоа што нема потреба да се лансира со катапулт од специјално опремена платформа за полетување и слетување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче