Сè уште гордо во стројот: Легендарната „Катјуша“ полни 80 години

Kalabaha1969 / wikimedia.commons
Легендарните БМ-13 „Катјуша“ по Втората светска војна во наредните неколку децении се наоѓаа во вооружувањето на армиите на разни држави во светот. Во некои сé уште не се повлечени од употреба.

Веќе во втората половина на 40-тите години на минатиот век, наместо на прекуокенански Studebaker US6 лансирниот уред е монтиран на домашниот ЗиС-150, потсетува РГ.

Таа варијанта на повеќецевни ракетни лансери беше за првпат прикажана на Парадата на Победата на Црвениот плоштад 1948 година.

Меѓутоа, споменатата верзија се сметаше за привремено решение поради недоволната проодност и веќе во 1949 година беше создаден БМ-13НН на шасијата на возило со три оски со погон на сите тркала ЗиС-151, чие сериско производство започна една година порано.

Девет години подоцна, повеќецевниот ракетен лансер беше „пресаден“ на помодерниот ЗиЛ-157, со далеку понапредни технички карактеристики во споредба со претходниот модел, меѓу другото, и со подобра проодност.

СССР токму БМ-13НМ почна масовно да им го испорачува на пријателски земји, на пример, на Северен Јемен, како и на Авганистан, Виетнам, Ирак, Египет, Сирија и други земји.

Тие „Кајуши“ интензивно се користеа во разни вооружени конфликти, на пример во Југоисточна Азија, Блискиот исток и Африка.

Најнапредната модификација стана БМ-13НММ на платформата ЗиЛ-131, а во руската армија се сретнуваше уште кон крајот на 90-тите. Познато е дека во моментов се наоѓа во вооружувањето на копнените трупи на Виетнам и дека немаат намера да го повлечат од употреба.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња