Катјуша на Парадата на победата

Извор: РИА Новости

Извор: РИА Новости

НПО „СПЛАВ“ од Тула, претпријатието-производител на фрлачи на ракети со повеќе цевки, ќе го реставрира својот гардиски фрлач на ракети БМ-13, во сиот свет познат како Катјуша. Одлучено е прабабата на современите фрлачи на ракети од типот Град, Смерч и Ураган, да биде симната од постаментот пред претпријатието НПО СПЛАВ, каде стои 20 години, да се реставрира и да се оспособи. По реставрацијата борбената машина ќе може да тргне, за да учествува на Парадата на победата на 9 мај во Тула.

Фрлачот Катјуша е поставен на камион ЗИС-5-В, камион со средна тонажа, со заден погон и мотор сместен напред, кој одлично се покажа за време на Големата татковинска (Втората светска) војна. Возилото можеше да совлада какво и да е беспаќе, можеше да се поправа во борбени услови, едноставно е и сигурно. До ова е дојдено благодарение на драстично поедноставената конструкција на возилото уште за време на војната.

За производството на кабината на возилото почнале да се користат дрво и шперплоча, а крилата се направени од валан лим (пред војната се применувало пресувањето). На предните тркала се демонтирани кочниците (за да запре, денес мора да се кочи и со рачна). Оставен е еден лев фар. Бројот на задните кипери е намален на еден. 

Воениот споменик ППШ-41
Типски споменик на советскиот војник-ослободител: шлем СШ-40, пелерина-шатор и масивен автомат со тешка барабанеста рамка и со карактеристична облога на цевката со штанцувани јајцевидни отвори: ППШ-41, автомат (пиштол-митралез) Шпагин, образец 1941. Шест милиони од овие автомати имаат минато низ Големата татковинска војна од почетокот до крајот и станаa еден од лесно препознатливите симболи на тоа тешко време.

Без оглед на сета едноставност на конструкцијата, на вработените во НПО СПЛАВ, на чија иницијатива е решено да биде реставрирано ова возило, им претстои сериозна работа што не е евтина: за 20 годи ни колку што стои на постаментот, Катјуша има преживеано пожар и не може самостојно да се движи, а во денешно време цената за реставрирање на примерок на камионот ЗИС-5 изнесува околу еден милион рубли. 

Сепак, вреди да се работи. Повеќе речиси и не постојат Катјуши на шасија на ЗИС-5. „Второто вакво возило се наоѓа во Мосфиљм, но за разлика од нашето, тоа е во подобра состојба. Затоа нашето има систем за полутонски оган“, вели за „Росијскаја газета“ Сергеј Кириљцев, шеф на сообраќајниот погон на СПЛАВ. 

Во Астана, престолнината на Казахстан, Катјушите исто така ќе учествуваат на парадата посветена на 70-годишнината од Големата татковинска војна. Планирано е да бидат прикажани во историскиот дел од парадата. За уште еднаш да биде демонстрирано оригиналното оружје кое во голема мера го има изменето текот на војната, оваа техника исто така ќе биде симната од постаментите, претворајќи ги спомениците во целосно оспособено оружје. Според полковникот Жумабек Хасенов, заменик командант на КоВ на Казахстан за воспитна и идеолошка работа, „техниката од времето на војната се наоѓала во базите во резерва и била во функција на споменик. За оваа техника да може да се движи, таа минува низ процес на реставрација и модернизација во фабриката 'Казахстан инженеринг'“ 

Парадата на победата во Москва вклучува и историски дел, но Катјуша сепак нема да помине по Црвениот плоштад. Од воената техника од времето на Големата татковинска војна, посетителите ќе можат да ги видат тенковите Т-34 и самоодечките артилериски уреди СУ-100. 

Сепак, според командантот на Копнената војска Олег Саљуков, јубилејната парада ќе се претвори во огромен „излог“ за демонстрација на најновата техника која сè уште не е ни влезена во сериско производство, зашто минува низ процес на фабрички испитувања. Станува збор за самоодечкиот артилериски систем (САУ) Коалиција-СВ, за перспективниот тенк Армата, за оклопниот транспортер (БТР) и борбено возило на пешадијата (БМП) Курганец 25 (исто така на база на платформата Армата), БМП Бумеранг и за оклопното антитерористичко возило Тајфун (на база на Камаз). 

Додека новите тајни борбени возила се тестираат на полигонот Алабино во Подмосковје, завиени во маскирни „футроли“, се тестираат и системите за крајбрежна одбрана Бал и Бастион кои веќе постојат во вооружувањето на руската армија. 

Парадата на победата на 9 мај 2015 година на Црвениот плоштад во Москва по своите размери ќе биде најголема во целата историја на земјата: планирано е на неа да учествуваат 194 возила од оклопната техника, 150 објекти на воздухопловната техника, 14 илјади припадници на војската. Минатата година парадата беше малку поскромна: 11 илјади луѓе 151 примерок на техниката и 69 авиони и хеликоптери.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња