Потомството на „Сталиновите оргули“

БМ-21 „Град“. Извор: РИА „Новости“.

БМ-21 „Град“. Извор: РИА „Новости“.

Руската ракетна артилерија во 2013 година го одбележа својот 50-годишен јубилеј: во вооружувањето на Советската армија на 28 март 1963 година воведен е фрлачот на ракети со повеќе цевки (РСЗО) БМ-21 „Град“. Највисокото технолошко ниво на овој систем и неговите наследници направи Советскиот Сојуз, кој инаку ја диктираше модата во областа на ракетната артилерија од моментот кога беше направена легендарната „Катјуша“, долгорочно да влезе во редот на неспорните лидер. Ова место го чува и денешна Русија.

Понатаму и попрецизно 

Главните доблести на фрлачот на ракети со повеќе цевки е ненадејниот напад, високата густина на уништување со оган на големи површини, брзо исфрлање на муницијата, висока мобилност (времето на избегнување на повратниот удар изнесува неколку минути), не е кабест, во согласност е со критериумот „едноставноста на ракувањето дава ефикасност“, способност да дејствува во кое било време на денот и ноќта и во сите временски услови, како и релативно ниската цена.

„Сталиновите оргули“

Германците првата советска батерија ракетни системи ја нарекле „Сталинови оргули“ затоа што редовите страшни фрлачи со топовски цевки, како и страшниот звук што го испуштале за време на пукањето, потсетувале на оргули/ Овој назив понатаму се одомаќинил во многу армии ширум светот 

Во многу европски земји, во вооружените сили на Данска и на Холандија, на пример, овој систем неодамна беше укинат. Истовремено фрлачите на ракети со повеќе цевки со сите нивни наброени борбени карактеристики остануваат еден од најбараните видови оружје за поголемиот број армии во светот. Нивната побарувачка уште повеќе се зголеми по граѓанската војна во Либија, каде единиците на регуларната армија и одредени приврзаници на Моамер Гадафи, во голема мера благодарение на фрлачите на ракети со повеќе цевки од советско производство, успешно даваа отпор на бројните бунтовнички одреди, кои ја имаа поддршката од страна на борбената авијација на НАТО.

Од „Катјуша“ до „Смерч“

 „Катјуша“. Фотографија од слободни извори.

Од моментот кога на 16 јули 1941 година батеријата ракетни 132-милиметарски системи БМ-13-16 („Катјуша“) под команда на капетанот Иван Фљоров го уништи железничкиот јазол кај Орша сосе германските ешалони заедно со единиците и техниката, започнува ерата на советската ракетна артилерија. Отприлика една година потоа во борба влезе модификацијата на гардискиот ракетен фрлач „Катјуша“ – 300-милиметарскиот БМ-31-12 („Андрјуша“) со ланисрачки насочувач од ќелиски тип.

„Андрјуша“. Извор: ShinePhantom. 

По завршувањето на Втората светска војна Советската армија во своето вооружување воведе цела низа системи од подвижна ракетна артилерија – 200-милиметарскиот БМ-24, 140-милиметарскиот БМ-14, 200-милиметарскиот БМиД-20 „Шторм-1“, влечната 140-милиметарска РПУ-14. Овие сосема стари, но сигурни системи и денес се наоѓаат во вооружувањето на некои армии во светот. Но, тие малку се разликуваат од „Катјуша“ – мобилниот ракетен систем со плотунски оган. Нивната максимална далечина на гаѓање не надминува десет километри (исклучок е БМД-20 со 18.7 километри).

 

Преломниот момент настана во 1963 година со појавата на 122-милиметарскиот БМ-21 „Град“ со максимален домет од 20.4 километри, кој по модернизацијата беше доведен до максимален домет од 40 километри. Врз база на БМ-21 направена е цела низа домашни ракетни фрлачи со повеќе цевки - „Прима“, „Град-В“ (полесна верзија, прилагодена за десантирање), „Град-ВД“, „Град-П“ (лесен, со една цевка, преносен), „Град-1“, бродскиот „Град-М“, крајбрежниот самодвижечки комплекс „Дамба“ (фрлач на бомби). Исклучителните технички карактеристики и огромниот потенцијал за модернизација станаа добра причина за копирање и за безбројни доработки во целиот свет.

„Град“. Извор: РИА „Новости“. 

 

Советската армија во 1976 година во вооружувањето го воведе моќниот 220-милиметарски систем со плотунски оган „Ураган“ со максимален домет на гаѓање од 35 километри. Тој има 16 лансирни цевки („Град“ има 40). Финалниот акорд од советското време се однесува на 300-милиметарскиот фрлач на ракети со повеќе цевки „Смерч“, кој долго време остана најдалекосежниот систем на ракетната артилерија. Максималниот домет на гаѓање изнесува 90 километри, бројот на лансирни цевки е од 4 до 12. Ракетниот проектил во лет се коригира со гаснодинамички управувал, расејувањето е 0.21% од дометот на огнот. Плотунот покрива површина од 672 илјади квадратни метри. Системот за полнење е целосно механизиран. Се користат транспортно-лансирни контејнери (ТПК). Фрлачот на ракети со повеќе цевки „Смерч“ е воведен во вооружувањето во 1987 година, иако неговата разработка е започната уште во шеесеттите години од минатиот век.

Новиот фрлач на ракети со повеќе цевки „Торнадо-С“ кој доаѓа по „Смерч“ помина низ модернизација во сегментите на автоматизирано насочување и нишанење, зголемување на дометот на гаѓање со артилериски ракетни проектили до 120 километри, зголемување на прецизноста на огнот со помош на инерциски систем за насочување и системот ГЛОНАСС. Времето на готовност е скратено за 2.5 пати во споредба со основниот систем.

Фрлач на ракети со повеќе цевки „Смерч“. Извор Виталиј В. Кузмин. 

Модулниот двокалибарски (транспортни-лансирен контејнер со 2х15 – 220-милиметарско зрно или 1х6 – 300-милиметарско зрно) од системот „Ураган-1М“ е суштински нов фрлач на ракети со повеќе цевки со домет од 80 километри. Началникот на ракетните единици и на артилеријата КоВ 2009-2010, генерал-потполковник Сергеј Богатинов истакна дека пакетот за полнење на „Ураган-1М“ ќе овозможи примена на цел комплет постоечки артилериски ракетни проектили од фрлачите на ракети со повеќе цевки „Ураган“ и „Смерч“, како и проектил на кој сè уште се работи. Спектарот на боеви делови на ракетата е широк – кумулативни, моментално-фугасни, противтенковски проектили и противпешадиски мини.

Ракетна Кина

 

Во моментов Кина поседува ракетен фрлач со повеќе цевки кој е најмоќен во светот. Тоа е 425-милиметарскиот WS-2D (шест лансирни цевки), во вооружувањето е воведен во 2004 година. Го разви компанијата Sichuan Aerospace Industries. Удира на 200 километри, 300-милиметарскиот систем PHL-03 (12 лансирни цевки, домет 130 километри) го изгради корпорацијата Norinco и претставува речиси идентична копија ма советскиот „Смерч“. Копирана е од „Смерч“ и од ракетниот систем со плотунски оган А-100 со домет од 50 километри. Основен ракетен фрлач со повеќе цевки на Народноослободителната армија на Кина и понатаму останува 122-милиметарскиот Туре 81 (копија на советскиот „Град“). Овој систем и неговите модификации (на гасенична шасија и на шасија со тркала) Кина активно го развива на меѓународниот пазар за оружје.

Рускиот текст на порталот на ВПК.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња