Испорака на тешките ударни дронови С-70 „Охотник“ се очекува на почетокот на 2024 година. Ова за интернет порталот ТАСС го изјави првиот заменик-претседател на колегиумот на Воено-производствената комисија (ВПК) Андреј Елчанинов.
„Планираме испораката на „Охотник“ до единиците на руската армија да започне 2024 година“, рече Елчанинов во интервјуто за руските медиуми.
Тој потсети дека овие беспилотни летала ќе можат да бидат управувани преку специјален пилотажно-управувачки комплекс што ќе се наоѓа во опремата на повеќенаменскиот авион-ловец од петтата генерација Су-57. „Овие авиони и беспилотни летала се во состојба покрај меѓусебно содејство (дејство во пар – заб. на прев.), да остварат цврста комуникација и во другите видови борбени формации“, нагласи Елчанинов.
Најновије фотографије ударног дрона С-70 "Охотник" pic.twitter.com/lrT7znpBpA
— Marsonline Борбени Ефективи (@gvozdenavolja) February 24, 2021
Стручњакот напомена дека „во блиска перспектива ќе биде реализирана техничката можност за директно управување на група беспилотни летала „Охотник“ од кабината на Су-57“. „Во моментов ја разработуваме функцијата на меѓусебна распределба на целите во една таква тактичка група. Блиску сме до реализација на овој процес. Конечно, првите летови на ловецот од петтата генерација и тешкиот дрон „Охотник“ ги потврдија овие можности“, појасни првиот заменик-претседател на колегиумот на ВПК.
Тој додаде дека во следната фаза од развојот на беспилотното летало се планира, според истиот протокол за управување од борбеното летало со пилот, да се реализираат ефикасни удари како по воздушни, така и по копнени цели на условниот непријател. Токму на овој пример се гледаат големи перспективи за раст на борбениот потенцијал на руските Воздушно-космички сили.
Тешкиот ударен дрон С-70 „Охотник“ С-70 „Охотник“ според процените ќе достигнува маса до 20 (25) тони, што е, на пример, двојно повеќе од тактичкиот ловец од четвртата генерација МиГ-29. Ќе може да оствари висока супсонична брзина на летање која ќе изнесува околу 920 км/час. С-70 ќе може да прелета 3500-6000 км и да достигне висина (плафон на лет) над 10000 метри. Оттаму со високопрецизно оружје ќе може да уништува непријателски копнени цели и да врши операции на воздушно извидување. Процените се дека „Охотник“ ќе може да понесе средна до голема количина убоен товар која се движи во распон од 2-8 тони.
Минатата година руското беспилотно летало „Охотник“ успешно ги реализираше експерименталните летови без оглед на периодот на денот или временските услови. Тоа ќе има способност да дејствува потполно самостојно или во координација со авионите-ловци од петтата генерација Су-57, како и со останатите летала со слична намена.
Дронот ќе биде направен според технологија која ќе му обезбеди мала радарска рефлексивност-видливост. Основната конструкторска база за изработка на ова летало е концептот на „летечко крило“. Убојното вооружување ќе го носи во внатрешните борбени спремници, слично како кај ловците од 5 генерација. Корпусот на беспилотниот апарат ќе биде направен од композитни материјали.
Процените се дека сериското производство на ова летало и неговото воведување во оперативна употреба на руската армија (конкретно во Воздушно-космичките сили) ќе почне од 2024 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче