Прецизирана цената на најновото руско беспилотно летало „Охотник“

Скриншот
Проценето е дека новиот дрон чини приближно една милијарда рубли.

Прецизирана е цената на најновото руско беспилотно летало „Охотник“, соопштија новинарите на весникот „Известија“. Според податоците што ги изнесуваат експертите, дронот С-70, кој сериски го произведува компанијата „Сухој“, чини приближно една милијарда рубли. Производителот во моментов има направено само прототип на ова јуришно летало и го осигура на 1,5 милијарди рубли.

Стручњаците истакнуваат дека за пазарната вредност на леталото не може да се суди врз основа на сумата на која е осигурено леталото. Се претпоставува дека цената на „Охотник“ ќе опадне за 40-50% кога ќе почне сериското производство. Сега планерот е најскапиот дел на овој апарат. Проценето е дека тој чини 600 милиони рубли. Колку за споредба, моторот чини околу 240 милиони рубли.

Првиот лет на „Охотник“ беше изведен на 30 август 2019 година. Тестирањето беше извршено на аеродром на Министерството за одбрана на РФ. Летот траеше дваесетина минути.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња