Тешкиот ударен дрон С-70 „Охотник“ успешно ја изведе својата прва бомбардерска задача

Youtube
Притоа беше употребена воздухопловна бомба со тежина од 500 кг која се наоѓаше во спремникот во трупот на леталото.

Според веб-порталот РГ, реализацијата на новата фаза борбено тестирање е изведена на воениот полигон Ашулук. Притоа се употребени ненаведувани убојни средства кои се наоѓаа во спремникот во трупот на леталото.

„Целта е уништена со голема прецизност“, изјави извор од рускиот воено-индустриски комплекс.

Тој исто така рече дека најновиот напаѓачко-навигациски систем интегриран на ова летало овозможува удари врз копнени цели со висок степен на прецизност. Беспилотното летало „Охотник“ е во состојба во автономен режим на летање да уништи недвижни и подвижни копнени цели кои ги открива со помош на прецизни координати или преку ласерско озрачување од воздух (а веројатно и од земја).

На почетокот на минатиот месец беше изведено првото полетување на рускиот тежок ударен дрон со функционални имитации на ракети од класата „воздух-воздух“. Ова тестирање имаше за цел да ја оцени функционалната поврзаност на електронската опрема на леталото со системите за наведување ракети, како и негово вмрежување со ловците од петтата генерација Су-57. Оваа година се планирани низа тестови во кои „Охотник“ ќе изведе боеви гаѓања против воздушни цели.

С-70 „Охотник“ според различни процени ќе достигнува маса до 25 тони, што е, на пример, двојно повеќе од тактичкиот ловец од четвртата генерација МиГ-29. Ќе може да оствари висока суперсонична брзина која ќе изнесува околу 920 км/час. С-70 ќе може да прелета околу 3500-6000 км и достигне висина (плафон на лет) од преку 10000 метри. Оттаму со високопрецизно оружје ќе може да уништува непријателски копнени цели и да врши операции на воздушно извидување. Процените се дека „Охотник“ ќе има способност да понесе средна до голема количина убоен товар која се движи во опсег од 2-8 тони. Ќе има способност да дејствува потполно самостојно или во координација со авионите-ловци од петтата генерација Су-57, како и со останатите летала за слична намена.

Дронот ќе биде направен според технологија која ќе му обезбеди мала радарска рефлексивност-видливост. Основната конструкторска база за изработка на ова летало е концепцијата на тнр. „летачко крило“. Убојното вооружување ќе го носи во внатрешните борбени спремници, слично како кај ловците од 5 генерација. Корпусот на беспилотниот апарат ќе биде направен од композитни материјали.

Американските воени експерти сметаат дека рускиот С-70 „Охотник“ ќе може да работи во пар со авионите-ловци Су-57. Нивната тактичка формација би можела да се состои од 2-3 летала (комбинација 1 Су-57+ 2 С-70). Имено, пилотот на ловецот Су-57 би имал контрола над своите „помошници“ кои би ги праќал во високоризична зона на воздушниот простор. Тие би имале задача да отворат „дупка“ во непријателската одбрана и да го примат првиот удар врз себе, што во голема мера би ги олеснило дејствијата на ловечката авијација.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња