Glock 19 (9x19 мм)
Reuters„Ние правиме целосно нов пиштол со калибар 9х19 од полимери, поаѓајќи од искуствата со експлоатацијата на „Глок“ и „Зигзауер“. Очекуваме 2021 година да имаме прототип. Се надеваме дека ќе создадеме оружје кое според тежината и борбените карактеристики е рамно на пиштолите „Глок“ од петтата генерација. Прелиминарниот назив на моделот е „ORSIS S1“, изјави за РИА „Новости“ Валериј Новосјолов, генералнит директор на фирмата која го развива овој проект.
Тој истакна дека најголемата предност на рускиот производ ќе се состои во цената. „Глок“ без дополнителна опрема чини 200000 рубли (2250 евра), додека ORSIS ќе чини 100000 (1125 евра).
Најважните одлики на австриските пиштоли „Глок“ се малата тежина, извонредната ергономија, едноставноста и сигурноста. Рамката е во целина направена од полимери отпорни на високи температури и удари. Оружјето има висока почетна кинетичка енергија на куршумот, така што куршум истрелан од овој пиштол има поголема запирачка и пробојна моќ.
Пиштоли „Глок“ во својот арсенал имаат вооружените структури во преку 30 земји. Покрај огнено оружје, австриската компанија произведува и ножеви и пешадиски ашови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче