Пензионер од Курската област склопи теренец-амфибија на гасеници од делови земени од 12 различни автомобили, пренесува ТВ-каналот „МИР 24“.
Јуриј Сухоруков е пензиониран војник. Уште во Авганистан останал без нога. „По ранувањето се движам тешко на снег, а многу сакам да ловам риба зиме“, раскажува тој. „Долго време размислував да направам нешто во кое зиме лесно можам да дојдам до реката“. Јуриј две години ги барал потребните делови, а потоа од нив за четири месеца направил теренско возило.
„Сам ги направив гасениците. Купивме подвижна лента, ја сечевме и дупчевме дупки. Издупчивме точно 1286 дупки. Склопувањето на гасениците беше најтешката работа“, вели Сухоруков. Во склопувањето на теренецот му помагале четворица пријатели.
Теренецот тежи околу еден тон, лесно поминува низ кал и мочуриште, развива брзина од 40 км/ч. Може да прими четворица патници. Тоа задоволство го чинеше Сухоруков 100000 рубли. Соседите сега му нудат шест пати повеќе, но Јуриј вели дека теренецот не е на продажба и дека го правел за себе.
Теренец
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче