„Русак-3918”: Новото руско амфибиско возило влегува во производство

Принтскрин

Принтскрин

Во најскоро време производството ќе почне во градот Набережни Челни.

Ова теренско возило може да се движи по беспаќе, како и преку мочурливи терени, па дури и да совладува водени пречки. 

 „Русак” се движи по водата исфрлувајќи воден млаз со помош на пумпа. Возилото има мотор од автомобил „Лада Гранта“, кој развива 98 коњски сили, додека менувачот е преземен од моделот „Лада Нива“. Меѓу другото, амфибиското возило има дупли гасеници, а место лостови за управување во возилото се наоѓа вообичаениот волан од „Нива“.

Минималната цена на „Русак“ ќе биде околу половина милион рубли (околу 7200 евра), а првите возила ќе бидат пуштени во продажба до крајот на оваа година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња