Од Астрахан до Чита: како се спроведува контролна проверка на борбената готовност во Русија? (ВИДЕО)

Виталий В. Кузмин/www.vitalykuzmin.net

Руската војска во моментов има контролна проверка на борбената готовност. Основната задача на овие маневри е одработување на извидничко-ударната техника на авијацијата, артилерците и ракеташите.

На пример, во Астраханската област на полигонот „Ашулук“, „Панцир-С“ лесно ги уништи копнените цели на условниот непријател со 30-милиметарски топ, пишува ТВ „Ѕвезда“.

И врскарите во Воронешката област на полигонот „Погоново“ реализираа марш до местото за распоредување на теренски комуникациски јазол: тие одработија борбено обезбедување на колона, одбија напад од условна диверзантско-разузнавачка група и распоредија повеќенаменски мобилна комплекси за комуникација „Редус-2УС“ и радиорелејни станици.

Се проверува борбената готовност во целата земја: во Тверската, Новосибирската, Кемеровската, Воронешката, Астраханската област, Забајкалскиот крај и Бурјатија. Во Бурјатија, меѓу другото, под тревога беше подигната ракетната единица на оперативно-тактичките системи „Искандер-М“.

Посебно внимание се посветува на Источниот воен округ. Во инспекција отидоа лично началникот на Генералштабот Валериј Герасимов и двајцата заменик министри за одбрана Јунус-Бек Евкуров и Дмитриј Булгаков. Тие го слушнаа рапортот на командантот на округот и ги проверија инфраструктурните објекти на воените логори и полигоните.

Најоддалечената точка сега е Чита, каде што по сигналот за ставање на воените единици во полна борбена готовност, војниците оперативно ги распоредија главните и резервните командни пунктови во реонот на извршување на задачите. Сите имаа само по неколку минути.

А во Оренбург се одржуваат најмасовните вежби во рамките на општата проверка на војската. На Тоцкиот полигон со самоодна хаубица „Мста-С“ и фрагментарно-експлозивни гранати екипажите уништија база на условниот непријател.

Масовната проверка на борбената готовност на руската војска ќе трае уште неколку дена. Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу ја објави на 6 април.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња