Објавени фотографии од „летечките тенкови“ Т-80БВМ кои пристигнаа на истокот на Русија

Министерство за одбрана на Русиjа
Неколку десетици најнови тенкови Т-80БВМ првпат пристигнаа во Источниот воен округ. Како што соопшти прес-службата на Источниот воен округ, минатиот вторник борбените возила со железнички ешалон беа префрлени во Хабаровск.

Техниката е истоварена и упатена во составот на една од моторизираните единици. Се наведува дека припадниците на војската ја поминале неопходната дообука на специјални курсеви.

Припадниците на војската ги совладаа борбената примена и користењето на новата техника со помош на компјутеризирани симулатори. Благодарение на тоа процесот на обуката се спроведува исклучително брзо и ефикасно. Се очекува во најскоро време тенковите да се појават на полигоните.

Припадниците на војската на Источниот воен округ веќе имаат искуство во користењето на претходните модификации на тенковите со гасна турбина.

Поради своите исклучителни брзински и маневарски карактеристики Т-80 е познат како „летечки тенк“. Сега на најнапредната верзија на Т-80 е монтиран погонски систем од 1250 коњски сили што му овозможува на возилото да достигне брзина до 80 км/ч.

Моќното вооружување и совршениот систем за контрола на огнот со термовизиски уред му овозможуваат на тенкот ефикасна борба против најразлични оклопни цели, додека заштитните системи го прават тенкот неранлив кога се работи за непријателски убојни средства.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња