Погледнете боево гаѓање на „Панцир-С1“ при судир со воздушни и копнени цели (ВИДЕО)

Скриншот / телевизиja „Ѕвезда“
При активно пребарување на воздушниот простор, дежурните екипажи на овие средства детектираа крстосувачки ракети и борбени авиони. Овие средства верно ги симулираа вежбовни имитатори. За нивно неутрализирање беа применети ПА ракете 57Э6 и топови 2А38 калибар 30 мм. Исто така, ангажираните екипажи на овие средства го поминаа блокот на техничко, тактичко и боево усовршување.

Во Астраханската област, поточно на воениот полигон „Ашулук“, изведена е вежба за боево гаѓање во која учествуваа ПВО-единиците од составот на ракетниот полк на Ленинградската армија на ВВС и ПВО. Основната задача на оваа вежба беше одбивање напад на условниот непријател кој се реализира од воздушниот простор, пренесува рускиот веб-портал ТВ „Ѕвезда“.

На овој воен полигон беа преместени батерии составени од хибридни ракетно-топовски ПВО-системи со краток дострел „Панцир-С1“. Овие средства извршија марш во зададеното подрачје и формираа огнена позиција за одбивање напад од воздушниот простор.

При активно пребарување на воздушниот простор, дежурните екипажи на овие средства детектираа крстосувачки ракети и борбени авиони. Овие средства верно ги симулираа вежбовни имитатори. За нивно неутрализирање беа применети ПА ракете 57Э6 и топови 2А38 калибар 30 мм. Исто така, ангажираните екипажи на овие средства го поминаа блокот на техничко, тактичко и боево усовршување.

96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со мал дострел. Наменет е за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите модерни и перспектива средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на периодот на денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба. Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива далечина до 5000 метри. Топовите дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи и против копнени и надводни цели.

¹2А38М претставува двоцевен противвоздушен автоматски топ. Развиен е на база на авионскиот топ ГШ-30. Топот е опремен со уникатен систем за водно ладење, со што се обезбедуваат стабилни услови кои овозможуваат голема густина на огнот. Борбената каденца на еден топ изнесува цели 2500 гранати во минута, а брзината на гранатата на устата на цевката достигнува 1000 м/сек. Ефективниот хоризонтален дострел на овој топ изнесува околу 5000 м. Во составот на противвоздухопловниот комплекс „Панцир“ влегуваат 2 вакви топа, со што борбената каденца достигна исклучителни 5000 гранати во минута.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња