Екипажи на „Панцир-С“ го покрија со „дожд од олово“ условниот непријател во Сибир (ВИДЕО)

Припадниците на руската војска открија колона диверзанти со помош на оптоелектронски систем, по што отворија оган од противвоздухопловни автомати со калибар 30 мм на оддалеченост од четири километри.

Противвоздухопловен ракетно-топовски систем „Панцир-С“ на воени вежби во Сибир спречи напад на условен противник.

Според сценариото на вежбата, војниците изведоа марш во зададен реон со стандардна техника. Колоната диверзанти ја забележаа со користење оптоелектронска опрема.

Според првичните пресметки, непријателските загуби изнесуваа две бригади лесна оклопна техника и дваесет условни летала, пренесува порталот на телевизиската станица „Ѕвезда“.

Артилерците првин ја следеа целта, а потоа го измерија дострелот и отворија оган од 30-мм противвоздухопловни автомати на оддалеченост од четири километри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња