„Панцир“ со својата оптоелектронска станица, засилената термовизиска камера со исклучителен квалитет може да открие непријателска жива сила и негова оклопна техника оддалечена со километри. Притоа за уништување на копнените цели тој користи автоматски топови 2А38М со исклучително голема густина на стрелба. Краткотраен притисок на операторот врз прекинувачот на овие топови е доволен да се разруши копнена цел со големина на куќа, а живата сила што се наоѓа во неа во голема мера да ја исфрли од строј. Ефективниот дострел на овие топови за уништување цели на копно достигнува цели 5 илјади метри.
Панцир-С1 у дејству по земаљским циљевима- у првом плану су топови 2А38 калибра 30мм, који имају брзину паљбе од 2,450 граната у минути. pic.twitter.com/nHNGezEA5f
— Marsonline (@gvozdenavolja) June 3, 2020
2А38М претставува двоцевен противвоздушен автоматски топ. Развиен е на база на авионскиот топ ГШ-30. Топот е опремен со уникатен систем за водно ладење, со што се обезбедуваат стабилни услови кои овозможуваат голема густина на огнот. Борбената каденца на еден топ изнесува цели 2500 гранати во минута, а брзината на гранатата на устата на цевката достигнува 1000 м/сек. Ефективниот хоризонтален дострел на овој топ изнесува околу 5000 м. Во составот на противвоздухопловниот комплекс „Панцир“ влегуваат 2 вакви топа, со што борбената каденца достигна исклучителни 5000 гранати во минута.
96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со мал дострел. Наменет е за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите модерни и перспектива средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на периодот на денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба. Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива далечина до 5000 метри. Топовите дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи и против копнени и надводни цели.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче