Кои руски подморници го освоија Арктикот?

Sergey Mihailicenko/Anadolu Agency/Getty Images
Овие нуклеарни ѕверови поставија воени и историски рекорди во 20 век и ги овековечија своите имиња во историјата на морнарицата.

На крајот на март годинава, првпат во историјата на руската морнарица, три нуклеарни подморници извршија истовремено изнуркување низ мраз во ограничен дијаметар од 300 метри. Тие истовремено истрелаа торпеда од подводна позиција.

Руската морнарица има долга историја на освојување на Арктикот и пробивање на ледени блокови со дебелина од неколку метри. Овде ќе ги наведеме првите руски подморници кои ги освоија арктичките предели и ги запишаа своите имиња во историјата на морнарицата.

Првата руска нуклеарна подморница К-3


К-3

Првата нуклеарна подморница е изградена 1954 година во САД, а Сталин и нареди на советската армија веднаш да изработи своја верзија. Неколку години по американскиот „Наутилус“, руската армија ја доби К-3. Разликата меѓу овие две подморници беше драстична: трупот на советската подморница беше создаден без да се користи класичниот дизајн на трупот на дизел-подморниците. Наместо тоа, проектот беше изработен од нула. Акцентот беше ставен на квалитетот на подводната пловидба. Затоа советската подморница К-3 беше побрза од „Наутилус“.

Советската подморница можеше да се движи со брзина од 28 јазли (28 милји на час), при што реакторите не го достигнуваа својот максимален капацитет. Исто така, можеше да истрела торпеда со нуклеарни боеви глави, способни да збришат цели крајбрежни градови од лицето на Земјата, како што се случи со Хирошима и Нагасаки десет години порано.

Сепак, со оваа подморница Советскиот Сојуз секогаш заостануваше зад Американците. Се појави четири години по „Наутилус“, а исто така беше и првата советска подморница која што четири години по Американците, на 17 јули 1962 година, проби неколку метри мраз и изнурка на површината на Северниот пол.

Нуклеарната подморница К-51

Нуклеарната подморница К-51

Оваа нуклеарна подморница 1987 година изнурка низ мразот на Арктикот и стана првата што истрела две балистички ракети од површинска позиција на полигонот за тестирање „Чижа“ на ‘ртот Канин нос (Архангелска област).

Ваквите подморници се долги 167 метри и широки 12 метри. Имаат депласман од околу 18 илјади тони. Максималната длабочина на која нуркаат е 400 метри, брзината на крстарење под вода им е 24 јазли (околу 44,5 км/час), екипажот се состои од 140 лица. Наоружани се со 16 интерконтинентални балистички ракети „Синева“. Во периодот од 1984 до 1990 година беа изградени вкупно седум подморници од оваа класа. Во моментов, шест од нив се во составот на руската морнарица.

Нуклеарните подморници од проектот 941

Нуклеарна подморница од проектот 941 „Акула“ ТК-208 „Дмитриј Донској“

Овој подводен ѕвер беше првата руска подморница што го проби арктичкиот мраз и истрела интерконтинентална балистичка ракета во текот на воени вежби.

Подморница од овој проект е во состојба со својот труп да скрши мраз со дебелина до 2,5 метри, без тоа воопшто да влијае на управувањето со пловилото, бидејќи има лесен надворешен и силен внатрешен труп. Подморницата има специјални инструменти за мерење на дебелината на мразот. На врвот на подморницата лесниот труп е преслечен со гума, што ја намалува нејзината видливост на радарите.

Според достапните извори, оваа подморница учествувала во борбени акции осум пати. Се смета за борбено најподготвена подморница. Во 1997 година беше на Северниот пол и ја истрела целата муниција (20 ракети) од површинска и подводна позиција.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња