Странските медиуми обрнаа внимание на изнуркувањето на руските подморници на Арктикот

Скриншот
Изнуркувањето на трите руски подморници во арктичкиот мраз го привлече вниманието на странските медиуми.

Неодамнешното излегување на површината на три подморници на руската Воена морнарица низ мразот на Арктикот во рамките на експедицијата „Умка-2021“ го привлече вниманието на странските медиуми. Сите се согласуваат дека овој необичен маневар претставува демонстрација на моќта на Русија во стратешки важниот регион кој е предмет на полемика меѓу многу земји.

Американското списание Popular Mechanics истакнува дека овој настан испраќа силна порака: „Подморниците можат да ги лансираат своите ракети од места кои се недостапни за американските сили“. Руските подморнички сили покажаа дека се во состојба да реализираат задачи за нуклеарно одвраќање во итни услови.

На Арктикот мразот им служи на подморниците како заштитен слој против бродовите и авионите на НАТО кои се во потрага по нив. Меѓутоа, под вода, истакнува новинарот, може да им се спротивстават три американски подморници: Seawolf, Connecticut и Jimmy Carter. Тие се специјално проектирани да работат под мраз.

Порталот The Drive пишува дека изнуркувањето на подморниците е храбра порака од Русија за тоа за што сé е способна во арктичкиот регион. Авторот гледа на овој настан во контекст на несреќата во Суецкиот канал, како и руската ориентација кон развој на Северниот морски пат како алтернатива на традиционалните пловни патишта.

Руската морнарица, која испрати три подморници со балистички ракети да го пробијат арктичкиот мраз во близина на Северниот пол, дава многу јасна претстава за тоа каква борба се води за Арктикот, пишува The Drive.

Британскиот весник Daily Mail исаткнува дека подморниците изнуркале  на Арктикот набргу откако извидувачки авион RC-135W Rivet Joint на воздухопловните сили на Велика Британија ги надгледувал руските вежби на Арктикот.

Авторот истакнува дека Москва го зајакнува своето присуство во регионот кој, според експертите, поседува четвртина од неистражените резерви на нафта и гас во светот. Со цел демонстрација на моќ на Арктикот, руските вооружени сили последниве години обновија голем број воени објекти зад Северниот поларен круг, ги реконструираа пистите и распоредија дополнителни сили и средства за извидување и противвоздушна одбрана.

Прочитајте повеќе: Руски подморници снимени од сателит го кршат дебелиот мраз на Арктикот и изнуркуваат на површината

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња