Урал GEAR UP 2021
uralmoto.ruКанадското издание HotCars потсетува дека „предците“ на современиот „Урал“ во СССР се појавија во пресрет на Втората светска војна, кога советското раководство сфати колку се ефикасни германските воени мотоцикли BMW R71, па одлучи да направи нешто слично за Црвената армија. Нацистичка Германија одби да му продаде на СССР мотоцикли BMW R71, но Москва сепак успеа преку шведски посредници да набави пет примероци. Советските инженери ги проучија и потоа го направија мотоциклот М-72, кој беше родоначалник на домашните тешки мотоцикли со приколка.
Првиот мотоцикл „Урал“ М-72, направен на база на моделот BMW R71.
Joergens.mi/WikipediaКако што наведува авторот на прилогот, современите машини имаат боксер-мотор со запремнина од 750 кубици со 41 коњска сила. Диск-сопирачките и електронското вбризгување на горивото му даваат на сопственикот можност да ужива во возењето мотоцикл направен во „винтиџ“ стил, но со современо ниво на сигурност, додека дополнителниот погон на тркала на бочната приколка овозможува подобра проодност надвор од патиштата. Но далеку поголеми пофалби, според канадскиот портал, заслужува атмосферата што околу себе ја создава Ural.
„Возењето во ваков мотоцикл е интуитивно доживување надвор од времето. „Винтиџ“ мотоциклот секаде привлекува внимание, каде и да се појави. Овој мотоцикл со приколка е едно од нашите најомилени превозни средства на сите времиња“, пишува порталот.
Авторот на статијата истовремено истакнува дека современите мотоцикли се разликуваат од старите модели со повисоките производствени стандарди и подобриот квалитет на материјалите од кои се направени.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче