Екипажот на Ми-26 полета од псковскиот аеродром „Веретие“ и помина 300 километри. На аеродромот во Пушкин тој зеде ловец Су-27 на надворешниот носач. Авионот беше безбедно доставен на авиополигонот „Кингисепски“ во Ленинградската област. Маршрутата беше поставена подалеку од населени места, пишува „Росијскаја газета“.
Како што додаваат од прес-службата на ЗВО, пилотирањето тежок транспортен хеликоптер со товар на надворешен носач е потешко отколку при транспортирање товар внатре. Неопходно е да се запазува брзината за секој вид товар - неговата форма и големината. Таквите операции бараат искуство и вештина. Како по правило, обуката започнува со закачување товар со маса 1000 кг на надворешниот носач, постепено зголемувајќи ја тежината до максималната вредност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче