„Руски витези“ изведоа фигури на акробатски лет со Су-27, Су-30СМ и Су-35С во ист строј (ВИДЕО)

Пилотите на трите екипажи изведоа виражи, мртви јазли, полусвртувања и други елементи.

Пилотите на воената акробатска група „Руски витези“ извршија лет над подмосковскиот град Кубинка во текот на кој изведоа фигури на акробатско летање во три типа авиони во уникатен строј, соопшти ТАСС повикувајќи се на Министерството за одбрана на РФ.

Специфичност на нивниот лет претставуваше комплексот фигури со сложено и вишо пилотирање со авиони Су-27, Су-30СМ и Су-35С кои се наоѓаат во составот на оваа надалеку прочуена воздухопловна група. Првпат се случи сите три типа авиони да бидат во ист строј, велат од рускиот воен ресор.

Пилотите на трите екипажи изведоа некои од најпознатите елементи на акробатското летање, меѓу кои се мртви јазли, виражи, полусвртувања и слично на растојание од помалку од три метри меѓу воздухопловите.

На крај водачот на гардиската пилотска група полковник Андреј Алексеев во својот акробатски лет, изведувајќи фигури на виш пилотаж, ги демонстрираше суперманеварските карактеристики на новиот повеќенаменски ловец Су-35.

Четирите нови ловци Су-35С пилотската група „Руски витези“ ги доби во ноември минатата година. Пилотите на оваа авиогрупа имаа преобука за новиот авион во Државниот центар за обука на летечкиот состав и воени тестирања на Министерството за одбрана на Русија во Липецк.

Ловците Су-30СМ се наоѓаат во вооружувањето на воздухопловната група од 2016 година. Авионите Су-27 кои останаа во составот на групата ќе бидат постепено исфрлувани од употреба.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња