Легендарните „Стрижи“ и „Руски витези“ го одбележаа почетокот на вежбовната година со традиционалните летови на своите командири. И покрај лошите метеоролошки услови, на секои 15 минути кон небото над подмосковска Кубинка се креваа познатите МиГ-29 и Су-30.
Обуката и подготовката на нови кадри е темел на успешното одржување на традицијата на руската авијација. Секоја година пилотите си поставуваат нови вежбовни задачи.
Први декември е своевиден ориентир – тогаш пилотите донесуваат нови тетратки и нови дневници на летови и се прави нов план на подготовки и обука. Првиот пресек на постигнатите резултати ќе биде направен на 1 јуни, т.е. по шест месеци.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче