Велика Британија предвидува пораз на својата армија во тенковски судир со Русија

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Судир на тенковските единици на Велика Британија и Русија во случај на вооружен конфликт би завршил со пораз на Британците, се вели во извештајот на Комитетот за одбранбени прашања на Домот на општините.

Овој извештај е поставен на сајтот на британскиот парламент.

Според мислењето на авторите на извештајот, ситуацијата „нема да ѝ оди во прилог на британската армија“ поради застарената техника.

„Доколку во наредните неколку години Велика Британија би требало да војува против рамен непријател на себе во Источна Европа, под кој се подразбира Русија, нема сомнение дека нашите војници, иако спаѓаат меѓу едни од најдобрите во светот, ќе бидат принудени, на наш голем срам, да се борат користејќи застарена оклопна техника. „Многу од нашите машини се стари над 30 години, имаат многу низок степен на механичка сигурност, а во однос на борбената моќ многу серизно заостануваат зад модерните артилериски и ракетни системи и редовно остануваат без доволна поддршка од воздух“, се истакнува во документот.

Авторите на извештајот доаѓаат до заклучок дека британската техника во сегашната состојба не овозможува обезбедување ефикасен придонес за копнените сили на НАТО во одвраќањето на Русија. За модернизација или замена на оклопната техника се потребни најмалку четири години, а бирократските одолговлекувања веќе доведоа до значително задоцнување во обновувањето на паркот со оклопни возила. Од друга страна, руските вооружени сили добија современи технички средства.         

„Од крајот на 1980-тите за техничката компонента на армијата на Велика Британија е карактеристично сé поголемото застарување и намалување на бројот на оклопни возила. „Во 1990 година имавме 1200 основни борбени тенкови, а денес останаа 227, а и ним им е потребна итна модернизација“, тврдат авторите.

Британските парламентарци го споменаа и најновиот руски тенк „Армата“, како и создавањето на иновативен оклоп за тенковите кои сè уште се во употреба. Според нив, тенкот „Челинџер 2“ не може да ѝ се спротивстави на „новата опасност“ и гледано во целина заостанува зад тенковите на сојузниците од НАТО.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња