„Ројтерс“: ЕУ размислува да започне преговори за руската вакцина „Спутник V“

Cadu Rolim/Keystone Press Agency/Global Look Press
Италија треба да стане првата европска земја во која ќе започне производство на „Спутник V“.

Европската унија има намера да започне преговори за набавка на руската вакцина „Спутник V“ со цел реализација на програмата за вакцинација на земјите против коронавирусната инфекција. Ова го соопшти агенцијата „Ројтерс“, пренесува ТАСС.

Според агенцијата, лицето кое ги води преговорите во име на ЕУ изјавило дека владите на земјите од Европската Унија ја разгледуваат можноста за започнување преговори со креаторот на „Спутник V“. За да се започне со тоа, според него, мора да се достави барање од четири земји.

„Ројтерс“ истакнува дека Унгарија и Словачка веќе ги добија првите партии руски препарат, Чешка покажува интерес за негово купување. Од друга страна, Италија треба да стане првата европска земја во која ќе стартува производството на „Спутник V“ согласно постигнатиот договор меѓу компаниите Adienne Pharma & Biotech и Рускиот фонд за директни инвестиции.

Европската агенција за лекови на 4 март соопшти дека е започната процедурата за експертиза на вакцината „Спутник V“. Од европскиот регулатор изјавија дека за време на проверката стручњаците ќе ја оценат усогласеноста на препаратот со стандардите на ЕУ за ефикасност, безбедност и квалитет. „Спутник V“ е во водечката тројка вакцини според добиените одобренија од државни регулатори. До денес руската вакцина е регистрирана во 50 земји со вкупен број на население преку 1,3 милијарди луѓе.  

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња