Путин: Руските вакцини против коронавирус се најбезбедните на светот

Cadu Rolim/Keystone Press Agency/Global Look Press
Рускиот претседател соопшти дека повеќе од 2 милиони граѓани на Русија веќе ги примиле двете компоненти на вакцината.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин изјави дека руските вакцини против коронавирус се најбезбедните и најефикасните на светот.

Во четвртокот, 4 март, Путин на средбата со волонтерите во акцијата „Ние сме заедно“ истакна дека граѓаните на Русија со право се гордеат со своите научници кои ги создадоа вакцините. Според него, без тие препарати, „како што велат стручњаците не само во Русија, туку и во светот, нема да биде можно да се излезе на крај со ковидот“.

„Навистина имаме со што да се гордееме, со оглед на тоа дека нашите вакцини [„Спутник V“ и уште два препарата регистрирани во РФ] се најбезбедните и најефикасните на светот“, рече тој.

Шефот на руската држава додаде дека двете дози на вакцината против коронавирус ги примиле 2 милиони граѓани на Русија и уште 2 милиона засега ја примиле првата компонента на препаратот.

„Во овој момент преку 2 милиони луѓе ги примија двете компоненти на вакцината. И отприлика исто толку, малку помалку, но исто преку 2 милиона [луѓе], ја примија првата доза“, рече тој.

Путин нагласи дека вакцинацијата е главниот пат за борба против пандемијата на коронавирусот и дека производството на такви препарати ќе биде сé поинтензивно.  

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња