Советскиот ППШ-41 „Шпагин“ vs германскиот МП-40 „Шмајзер“: Кој е подобар?

МАММ/МДФ/russiainphoto.ru; Bundesarchiv
Едниот беше помоќен, а другиот поергономичен и технички понапреден.

И двата автомати (пиштоли-митралези) се направени непосредно пред Втората светска војна. И двата станаа симбол на советската и германската школа во производството на оружје.

Секој има свои предности и маани, а ние се обидовме да увидиме по што овие модели се подобри еден од друг.

Споредба

Германскиот MP-40 е автомат или пиштол-митралез со стандарден калибар 9х19 мм со 32 куршуми во рамката. Тоа е прилично погодно затоа што муницијата може однапред да се стави внатре, така што оружјето се полни за време на пукањето.

MP40 Erma, производство 1943 г., продолжен кундак.

„Од друга страна, советскиот ППШ имаше калибар 7,62х25 мм и 72 куршуми во барабанот. Требаше многу повеќе време за да се наполни барабанот пред борба. Беше потежок и не беше толку згоден за носење како рамките на MP-40, но затоа во секој барабан имаше двапати повеќе куршуми и таа предност би можела да ги компензира споменатите недостатоци“, изјави за порталот Russia Beyond Вадим Козјулин, професор на Академијата за воени науки.

Германскиот MP-40 беше полесен, но не беше погоден за прецизна стрелба.

„Доколку би ми требала прецизна стрелба, би го избрал ППШ пред MP-40. Дрвениот кундак на рускиот автомат е подобар од германскиот, кој е целиот од метал. Рускиот кундак е мазен и идеално легнува на рамото за разлика од кундакот на MP-40. Според тоа, ППШ е попрецизен“, изјави порталот Russia Beyond Александар Борисов, мајор во резерва.

ППШ-41

Тој истакна дека и двете „машинки“ добро се покажале кога станува збор за брза автоматска стрелба. Во автоматска стрелба германскиот MP-40 е подобар од ППШ. „Од друга страна, MP-40 испукува 600 куршуми во минута, а ППШ двојно повеќе, т.е. 1200 куршуми во минута. Тоа значи дека во борбени дејствија MP-40 секоја секунда ќе испука десет куршуми кон непријателот, а ППШ дваесет. Во тоа е огромната разлика помеѓу овие два модела“, рече Борисов.

Куршумот на ППШ со калибар 7,62х25 мм е многу помоќен од германскиот куршум 9х19 мм. „Пред неколку години ја тестиравме нивната пробдорна моќ на бетонски блокови. Некои зрна испукани од ППШ пробиваат два такви блока, додека зрното од MP-40 ефикасно пробива само еден“, рече мајорот.

ППШ има еден технички недостаток. Меѓу деловите има луфта, па кога ППШ се тресе се слуша како деловите се удираат еден со друг. Ако автоматот падна од мала висина често се случува самиот да испука. Поедноставениот механизам за повлекување овозможуваше само автоматска стрелба, така што стрелбата трае додека во рамката има курушими.

„Меѓутоа, главниот проблем на моделот ППШ е стрелбата во ноќни услови. Овој модел може непогрешливо да се препознае по трите јазици на пламенот што излегуваат од сандакот со ракофатот. Со нивна помош непријателот ноќе секогаш можеше да ги открие нашите позиции“, заклучи Борисов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња