Овој експеримент по повод претстојниот Ден на Победата го организираше телевизијата „Ѕвезда“.
Бившиот припадник на специјалните единици Сергеј го доби ППШ, а на Александар Кобзев, кој тренира гаѓање, му се допадна ППС.
Обајцата должеле во војска автоматска пушка „Калашников“ АК-74М.
Навикнати сме да ги гледаме ППШ и ППС во рацете на луѓе кои се занимаваат со историска реконструкција на битките во Големата Татковинска војна, а овде стрелците отвораа оган од нив, симулирајќи услови на современо војување.
Сергеј е задоволен од тестирањето. Тој истакна дека ППШ во барабанот има 71 куршум, што е добро, затоа што борецот во првите 40 секунди истрелува отприлика толкав број куршуми.
„Мене ова оружје многу ми се допадна. Стабилно е во текот на стрелбата, избалансирано е и едноставно. Лесно е да се навикнеш на него“, објаснува тој. „Овој автомат е тежок, точно е дека не е лесно да се замени барабанот, но мене ми остави пријатен впечаток“.
Ни Александар Кобзев немаше поголеми проблеми со автоматот ППС. Дури и магацинот му се полни на вообичаениот начин.
„Денеска се чувствував како јуришник од Големата Татковинска војна. Токму за такви воини е и правен ППС во Ленинград за време на опсадата. Автоматот е мошне лесен. Имаше многу забелешки за кундакот, но мене ми се чини згоден. Пријатно е чувството кога се отвора оган од овој автомат. Речиси и да не се чувствуваат трзаите“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче