Експертите на концернот „Калашников“ го тестираа легендарниот автомат „Шпагин“ (ПШШ) кој Црвената армија го користеше од 1940 година. За време на Втората светска војна беше произведен голем број од овие автомати. Вкупно се склопени преку 6 милиони парчиња од ова ефикасно оружје едноставно за користење.
На снимката објавена на порталот Калашников Media се гледа како легендарниот автомат, растурајќи чаури по полигонот, продолжува да пука без задршка.
Квалитетите на автоматот „Шпагин“ беа ценети не само во СССР, туку и во Виетнам и Кореја, каде што се произведуваше по војната по советска лиценца. На тестирањето од автоматот беа истрелани 913 куршуми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче