Како што соопшти прес-службата на ЦВО, комплетот автономен систем за локално греење на струја се става на долната облека под униформата и не го попречува движењето на војникот.
„Непрекинатото автономно греење кое се напојува од една батерија може да трае најмалку 12 часа со максимална сила“, се наведува во соопштението.
Во Централниот воен округ вкупно пристигнаа околу 1000 комплети СЛЕВ-1 кои ќе ги добијат единиците за специјална намена.
Можно е новиот уред да стане дел од комплетот заштитна опрема „Сотник“, која во 2025 година би требало да ја замени опремата „Ратник“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче