Русинките во воена служба го одржаа годишниот женски турнир „Камуфлажа со шминка“ (ФОТОГРАФИИ)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Припадничките на Вооружените сили на Русија во пресрет на Денот на жената се натпреваруваа во фрлање гранати, гаѓање од автомат, ползење под бодликава жица и – во убавина! Во натпреварувањето учествуваа 50 претставнички на поубавиот пол во руската армија.

„Внимание! Стратешките воени сили заминаа! Во собата за шминкање – напред марш!“ Оваа команда беше издадена на 2 март во Перејаслављ Залески (Јарославска област) на женскиот воен турнир што секоја година се организира по повод 8 Март под шеговитиот наслов „Камуфлажа со шминка“.

Дамите си ги „шминкаа“ лицата со секакви маскирни бои, цртаа ѕвезди и знамиња во разни бои. Потоа почна првата фаза на турнирот.

Натпреварувачките тргнуваат во јуриш со пукање од автомат, фрлање гранати, ползење под бодликава жица и давање итна медицинска помош.

„Таму имаше голема бара, а под неа мраз. Баш убаво се искапев“, вели учесничката во натпреварувањето Оксана Сухорукова.

Натпреварувачките учествуваа и во биатлон со примена на автоматска пушка „Калашников“, се соопштува на сајтот на Министерството за одбрана на РФ.

Една фаза подразбираше телеграфија. Учесничките во турнирот имаа задача брзо да испраќаат и примаат пораки користејќи Морзеова азбука.

Тоа беше и своевиден тест на интелигенција. Се состоеше од подготвување храна во теренски услови. На крај следеше вистински „моден јуриш“ во руски стил – натпревар во убавина.

Натпреварувањето се одржува секоја година почнувајќи од 2016-та. Главна награда е патување по градовите на Златниот прстен на Русија. За жал, имињата на победничките не се објавуваат.