Путин за самоувереното излегување на Русија од пандемијата на коронавирусот

Алексеј Дружинин/Sputnik/Kremlin via REUTERS
Русија од пандемијата на коронавирусот излегува самоуверено и со минимални загуби, изјави рускиот претседател Владимир Путин во неделата, 14 јуни.

„Ние покрај сите трошоци, проблеми и загуби сепак работиме ритмично, така да речам, работиме и излегуваме од оваа ситуација со коронавирусот самоуверено“, рече рускиот претседател во интервјуто за програмата „Москва. Кремљ. Путин“, пренесуваат руските медиуми.

Претседателот изрази надеж и дека тој тренд ќе продолжи.

„Дај Боже и понатаму да биде така“, додаде тој.

Вицепремиерот на Русија Татјана Голикова соопшти на 13 јуни дека 49 руски региони веќе ги укинуваат ограничувањата воведени поради коронавирусот. Притоа 43 региони сé уште се наоѓаат во првата фаза, додаде таа.

Оперативниот штаб на 6 јуни соопшти дека стапката на ширење на коронавирусот во Русија и Москва паднала на 0,97, односно 0,81.

Рускиот премиер Михаил Мишустин на 1 јуни зборуваше за стабилизација на ситуацијата со коронавирусот во земјата и напомена дека во текот на минатата недела дневниот пораст на заболени од коронавирус не надминал 2,3%.

Претседателот Путин на 4 јуни зборуваше за подобрувањето и стабилизацијата на состојбата со коронавирусот во земјата. Шефот на руската држава повика на мирно и свесно укинување на ограничувањата „но колку што е можно побрзо“.  

Во април шефицата на „Роспотребнадзор“ Ана Попова изјави дека ширењето на коронавирусот би можело да запре кога имунитет на него ќе стекне 60% од населението.

Според податоците на порталот stopkoronavirus.rf, во Русија во моментов се регистрирани 528964 потврдени случаи на коронавирус, додека бројот на смртни случаи изнесува 6948, а бројот на излечени 280050.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња