Путин ќе ја прими вакцината „Спутник V“ против коронавирус

Global Look Press
Путин претходно изјави дека руската вакцина е ефикасна и безбедна и дека не гледа причина зошто да не се вакцинира.

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја прими вакцината „Спутник V“ против коронавирус, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

„Тој рече дека ќе се вакцинира, ја донесе таа одлука и чекаме да се завршат сите формалности“, изјави Песков за телевизискиот канал „Русија 1“.

Русија започна со програмата за вакцинација со својата вакцина „Спутник V“ уште на почетокот на декември. Меѓу првите вакцинирани беа најранливите групи во Москва.

Лицата постари од 60 години ќе бидат вакцинирани од понеделник, објави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на својата веб-страница, еден ден откако Министерството за здравство на Русија ја одобри вакцината за оваа категорија на население.

Путин претходно изјави дека руската вакцина е ефикасна и безбедна и дека не гледа причина зошто да не се вакцинира.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња