Путин: Нивото на заштита што го пружа руската вакцина од коронавирус достигнува 97%

Cadu Rolim/Keystone Press Agency/Global Look Press
Нивото на заштита што го пружа руската вакцина од коронавирус достигнува 97%. Ова во четвртокот, 17 декември, го изјави претседателот на Русија Владимир Путин на годишната прес-конференција.

„Русија е првата земја на светот која ја измисли, можеме така да кажеме, и го почна производството на вакцината, како на научниот центар „Гамалеја“, така и на новосибирскиот центар „Вектор“. Ние имаме добра вакцина: безбедна и ефикасна. Нивото на заштита е преку 95%, 96-97%, велат стручњацитеˮ, изјави руските претседател.

На 7 септември во Москва почнаа пострегистрациските испитувања на препаратот „Спутник Vˮ. Првата вакцина доброволците ја примија на 9 септември. Во програмата вкупно учествуваат 40 илјади луѓе, од кои 10 илјади добија плацебо.

Центарот „Векторˮ на 24 јули доби дозвола од Министерството за здравство на Русија да спроведе клинички испитувања врз доброволци. Тие завршија на 30 септември. Путин на 14 октомври соопшти дека вакцината на центарот „Векторˮ добила потврда за регистрација. Министерството за здравство на Русија на 16 ноември издаде дозвола за спроведување пострегистрациски испитувања на вакцината „Епиваккоронаˮ против коронавирус врз доброволци постари од 60 години, а на 18 ноември за испитувања врз 3 илјади доброволци.

„Нашите странски колеги, фала му на бога, исто така се заинтересираа за нас и се подготвени за соработка таму каде што нешто не им поаѓа од рака. На пример, англиско-шведската компанија „АстраЗенека“ е подготвена да соработува со нас и штотуку потпишуваме договор за тоа. Тоа е многу добро и нé радува кога стручњаци на такво високо ниво (а тоа е голема, квалитетна компанија со светско реноме), кога тие ги здружуваат напорите исто така и со руските партнери. Уверен сум дека резултатот ќе биде многу добар не само за нашите граѓани, туку и за светот во целина“, рече Путин во четвртокот на годишната прес-конференција.  

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња